Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Нашите деца се иселуваат најмногу во државите кои последни станаа членки на ЕУ

0
By Zoran Ivanov on September 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако годинава учебниците се обезбедени навреме, лидерот на СДСМ предупреди дека наставниците остануваат без покачување и без стимул за работа.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска по повод првиот училишен ден го посетија ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје.

Филипче им посака успешна и мирна учебна година на учениците, наставниците и на родителите, нагласувајќи дека градоначалникот Герасимовски се покажал како добар менаџер во сегментот на образованието.

Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на сите учениците и им посакувам да се стекнат со нови знаења. На родителите и на наставниците им посакувам трпение и да им дадат многу поддршка на децата. Училиштето „Киро Глигоров“ е едно од новоизградените училишта за време на мандатот на СДСМ. Вложувавме многу во образованието, изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците, никогаш дотогаш не се зголемиле во толкав процент – над 50 отсто, нешто што сега сериозно недостасува. Градоначалникот Герасимовски во овој сегмент се покажа како добар менаџер. Неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи, бесплатни ранци и од следната година, како што најави, ќе има и бесплатен оброк, рече Филипче.

Филипче објасни дека програмата, што ја подготвува СДСМ за претстојните локални избори, ќе се темели на конкретни мерки за подобрување на образованието – квалитетна настава, побезбедни улици за децата на пат до училиштата и поголема поддршка за родителите преку локалната самоуправа.

На новинарско прашање за состојбата во училиштата на државно ниво, тој рече дека позитивните чекори треба да се поздрават – како тоа што годинава навреме се обезбедени учебници – но нагласи дека вистинскиот проблем е недоволната грижа за наставниците, кои се оставени без стимул и без покачување на платите.

Во тој дел, каде што Министерството за образование и наука (МОН) го обезбедило тоа што треба, добро е. Впрочем тоа им е работа, но имаме сериозни забелешки во делот на грижата за наставниците. Ако наставниците не се стимулирани, а не се, ниту, пак, има некакво зголемување на платите, ниту, пак, има најава дека платите на наставниците ќе се зголемат, тогаш имаме сериозен проблем, а тоа е нешто што сериозно недостасува во државата. Жалам што има лоши економски политики, ниту, пак, има грижа за работниците во било кој сектор и нема најави за зголемување на платите. Луѓето „кубурат“, цените се огромни, Владата не прави ништо за да ги исконтролира, ниту во маркетите ниту, пак, има некакви добри економски политики кои во иднина ќе донесат добро. Напротив гледаме можност за сериозна криза, рече Филипче.

Тој додаде дека не може државата да се движи напред, а луѓето не можат да дадат сé од себе во својот работен процес ако не се стимулирани и не можат да врзат крај со крај.

На новинарско прашање што треба да се направи за да се спречи иселувањето на младите и за малиот број првачиња низ земјава, Филипче рече дека треба да се работи за интересите на државата.

Треба конечно по 30 години да почнат преговорите со ЕУ за да зајакне системот. Граѓаните не се доволно информирани што значи отворање на поглавјата со ЕУ. Значи вистинска реформа во правосудството, енергетиката, економијата, дигитализацијата итн. Гледаме како нашите деца се иселуваат најмногу во државите кои последни станаа земји членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска, Словенија… Ние во еден период бевме пред нив во процесот на евроинтеграција. Во Делчево годинава 90 од 100 матуранти се запишале на факултети во Бугарија, а ние овде зборуваме за некакави лажни национални предавства. Национално предавство е да не се работи за интересите на граѓаните и на државата. Младите препознаваат што значи чесна и вистинска работа за државата, што значи зајакнување на институциите, зајакнување на сите сегменти, а ништо од тоа Владата за жал не прави, посочи лидерот на СДСМ.

деца иселуваат Филипче Центар школски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.