Од одговорност не бегам, ниту ќе бегам, ќе почекам да заврши истрагата, поради тоа што и во овој период има потреба од менаџирање на кризата, рече Филипче.
Министерот за здравство, Венко Филипче повика да не се создава паника и недоверба кон ковид центрите во земјава, бидејќи во нив се спасуваат животи.
– Вакви објекти се користат на многу места во светот, пожари и несреќи се случуваат. Овие трагедии може да бидат предизвикани од многу фактори и затоа ќе повторам, апелирам да се почека резултатот од истрагата и да не се прејудицира, изјави Филипче.
Тој рече дека нема да бега од одговорност, но ќе почека да заврши истрагата за тоа како изгоре модуларната болница во Тетово и што ќе покаже таа.
– И овој период има потреба од менаџирање на дел од кризата, посебно на ковид пациентите во Тетово. Апсолутно после завршување на истрагата ќе ја донесам оваа одлука за тоа дали ќе поднесам оставка. Навистина тешко е да се опише со зборови, тежината и болката којашто ја чувствувам, рече Филипче.
Тој иако потврди дека во модуларната болница имало придружници на пациентите, сепак рече дека засега нема да бара одговорност од директорот на тетовската болница, сè до завршување на истрагата.
https://novatv.mk/vo-zhivo-filipche-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-pochinatite/