Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Вакцините за 20 пати го намалуваат ризикот од смртен исход

0
By Ivana on September 4, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните

Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптеретени со невакцинирани пациенти, нагласи миинистерот за здравство Венко Филипче денеска во Бутел, каде изврши увид на градежните работи на новата амбуланта.

Тој истакна дека не можат да претпостават како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата во светот.

– Веројатно дека ќе има нови и нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. И тоа е начин ние да ги вратиме животите во нормала. За жал, гледаме дека имаме граѓани коишто се уште се невакцинирани. Апелирам да се вакцинираат, тоа е начинот и да се заштити здравјето, а ние да го штитиме системот од понатамошни бранови и оптеретувања, рече Филипче.

Министерот, на новинарско прашање околу смртноста на млади лица, рече дека тоа е нашто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што рече, за жал, се невакцинирани лица.

– Секојдневно имаме состанок со сите раководители на институции каде што се лечат најтешките пациенти, на Инфективната клиника, на интерните клиники, на Институтот за ТБЦ и во Козле. За жал, се невакцинирани луѓе. За жал генерално многу касно доаѓаат пациентите и тоа го констатиравме неколку пати наназад, рече Филипче.

Министерот посочи дека е добро што во моментов има стагнација во болниците.

– Добро е што во овој момент има некаква стагнација, не се полнат веќе болниците со таа динамика како што беше досега. Во изминатите два дена има малте не еднаков број на прием во болниците. Нема потреба да се активираат дополнителни одделенија на интерните клиники иако се спремни. На три одделенија сега се сместени тука пациенти, три се на стендбај, посочи Филипче.

Тој информираше дека во државата заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани вкупно со прва доза околу 740 илјади граѓани. Јас верувам, како што рече,  дека и со овој тренд ако продолжи тоа ќе биде добро. Вкупниот процент на вакцинирани со една доза на граѓани над 40 години е 53 проценти, вкупниот некаде околу 37 проценти, што значи помал е опфатот на помладите граѓани.

Околу протоколите за лекување, Филипче посочи дека за сите болници има протокол што неколку патии е ревидиран согласно сознанијата, но за потешките случаи се разговара на координативните состаноци.

– Ние точно знаеме како се лекуваат сите пациенти. Се лекуваат по соодветниот протокол со најмодерните лекови. Немаме недостаток на ниту еден лек. Ние сме единствена земја во регионот која што го има и антителото од оригиналниот производител кое го добивме благодарение на Светска банка. Најголем број од пациентите во болниците и тоа е проблемот се невакцинирани. Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти коишто навистина имаат тешка состојба, имаат сериозни коморбидитети и иако лекувани по сите тие стандарди за жал не може да се помогне, наведе Филипче.

вакцини Филипче штити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.