Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Нема да се толерира насилство, случајот е пријавен во МВР

0
By Менче Атанасова Точи on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 13:41
Министерството го осуди насилство врз медицинската сестра која утринава беше нападната од семејството на починат пациент на КАРИЛ,  како и насилство врз медицински персонал кој секојдневно се бори за животот на овие пациенти сместени на оваа клиника имајќи во предвид дека станува збор за пациенти кои се во сериозна и животнозагрозувачка состојба.
Министерот доц. д-р Венко Филипче изјави дека нема да се толерира никаков вид насилство врз медицинскиот персонал.
-Насилството не е начин на кој треба да комуницираат лекар и пациент. Се сочувствува со состојбата на лицата кои претрпеле загуба, но го осудувам настанот и секој обид за насилство. Со министерот  за внатрешни работа Оливер Спасовски, сме во координација, со што многу скоро, ќе добиеме помош и заштита од полицијата, изјави министерот Филипче.
Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, потврди дека ова не е првпат да биде нападнато медицинско лице од оваа клиника.
-Загубата на човечки живот е непроценлива. Но, на одделението КАРИЛ ние секојдневно се грижиме и лекуваме лица кои доаѓаат во животозагрозувачка состојба. Медицинскиот персонал, најодговорно тврдам, дава се од себе, да ги спаси и одржи во живот овие пациенти. Ниту еден од нив, никој не заслужува да биде физички или вербално  нападнат. Ова однесување е недозволиво, вели Мојсова и потенцира  дека не е првпат медицинско лице од одделението КАРИЛ да биде физички или вербално нападнато.
Министервото за внатрешни работи е информирано и веќе го истражува случајот и ќе преземе соодветни мерки, потврдија од Министерството за здравство.
Како што веќе објави НОВА, медицинска сестра од КАРИЛ утринава во 9 и 30 била нападната физички и вербално од семејство на пациент кој починал ноќеска, во момент кога доаѓала на работа.Медицинската сестра прво била нападната од мајката на починатиот, а потоа и од другите членови на семејството кои и удирале клоци. Сестрата била одговорна да се грижи за пацинетот во изминатите денови.
На инцидентот, му претходела  вербално расправија, бидејќи семејството на момчето одбивало телото да биде предадено на обдукција. Неофицијално, медицинските сестри на после инцидентот се солидирализирале и одбивале да работат, по убедување од надлежните продолжиле со работата.
Ова не е првпат медицинско лице да биде нападнато од семејства на пациенти. Пред неколку години беше нападната и др. Калина Старделова актуелна директорка на Клиниката за гастроентрехепатологија, а во 2015 година  беше пукано во хирургот Љубомир Огненовиќ . Во него беше пукало од лице чија мајка починала во шок соба. Жената боледувала од карцином во терминална фаза и била донесена во многу тешка состојба.
Медицинскиот персонал  бара да се зајакне обезбедувањето на скопските клиники.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.