Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека му понудил функција на некој поранешен градоначалник во раководството на партијата, а тој ја одбил.
Тој вели дека нема таков човек што одбил таква понуда и дека не понудил ништо на никого. Обвинувањата ги препишува на „пресовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се занимаваат со кафеански муабети.
Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче запрашан за „прозивките“ меѓу екс-претседателот Стево Пендаровски и екс-министерот Љубомир Фрчкоски.

