Задолжително носење на маска на отворено за граѓаните и кога се сами, ограничување на бројот на лица на маса во угостителските објекти и за групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавниот превоз. Ова се дел од мерките кои ќе бидат спроведени доколку вирусот продолжи да се шири, а граѓаните не ги почитуваат мерките, најави денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
„ Непочитувањето ма немрките, семејните прослави, свадби кои се забранети и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на Ковид и зголемениот број новозаболени пациенти и смртни случаи.
„Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат“, рече Филипче.
Тој потенцира дека е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките и во бизнисот, а посебно во угостителството.
Најавените мерки ќе се применуваат до колку трансмисијата на вирусот стане неконтролирана.