Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

0
By Zoran Ivanov on September 26, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2024 21:48

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вечерва презентираше документ според кој претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови за разлика од каматната стапка на кредитот што владата на премиерот Христијан Мицкоски го договори со Унгарија и премиерот Виктор Орбан.

Во стратешката рамката за партнерство на Светска банка со Република Северна Македонија 2024-2028 година меѓу другото стои и ставка за локални патишта и за локални општински работи за кои се одвојуваат 75 милиони долари. Зошто некој би преговарал како опозицијата, под целосно нетранспарентни услови, кога истите тие пари како континуитет на систем на заеми и работа со општините практично ги има државата преку Светска банка, праша Филипче и додаде дека времето ќе покаже кои се бенефитите за Мицкоски и за Орбан од овој кредит.

Филипче потенцираше дека заемот со Светска банка кој бил веќе планиран е со многу пониска каматна стапка од кредитот од Унгарија – односно од 1,2 % во еден дел и од 3,5 % во друг дел што е многу поповолна ситуација наспроти 3,2 % што Северна Македонија и идните генерации ќе треба да ги плаќаат како камата на кредитот договорен со Орбан.

Понатаму, она што е најсимптоматично според претседателот на СДСМ е дека не постојат никакви контролни механизми, ниту во законот ниту во договорот за заем со Унгарија.

Во Законот за заем, во член 1 пишува дека Владата на Република Северна Македонија се задолжува кај унгарската Експорт-импорт банка со заем во износ од 500 милиони евра за буџетско финансирање и за финансирање на општи цели. Никаде не стои општини, ниту се наведени компании. Ние не знаеме за што се наменети тие пари, потенцира Филипче.

Според Филипче, денеска сме сведоци на една иронична ситуација, во која претседавачот со Европската Унија Унгарија и премиерот Орбан ја посетуваат земјата во време кога премиерот Мицкоски јавно изјавува дека Северна Македонија нема да ги продолжи преговорите со ЕУ.

Сите ветувања на Мицкоски за подобрување на преговарачките позиции беа лажни, и сега тоа се потврдува. Единствената тема на која ќе разговараат Орбан и Мицкоски се зделките поврзани со кредитот од Унгарија“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ прашува кои се приватните релации на Мицкоски со фактори од Унгарија, земја со која досега сме немале никакви релации како држава, и поради кои Северна Македонија влегува во лош „дил“ со кој се задолжуваат идните генерации.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.