НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче:Озонска терапија вреди да се проба кај болните со КОВИД-19, од утре и со крвна плазма

0
By Менче Атанасова Точи on April 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова надеж за заболените со КОВИД-19. Речиси во исто време започнува терапија со озонирање на крвта на пациентите за првпат во болницата „8 Септември“, а од утре на Инфективна клиника се почнува со примена на крвна плазма од луѓе кои веќе го прележале вирусот

Се уште е рано е да се каже какви резултати ќе даде озонската терапија кај пациентите со КОВИД-19, за да можеме да ја примениме пошироко. Има докази во некои земји дека помага, нема дека одмага. Вака министерот за здравство Венко Филипче одговори на прашањето на НОВА, дали озонската терапија ќе започне да се применува секаде доколку даде добри резултати во ГОБ„8 Септември“.

„Разговарав со докторката во болницата која е одговорна во овој дел, има една група пациенти кои можат да ја примаат оваа терапија преку озонирање на крвта. Нема ограничување за примање. Од денес е пренесен апаратот во болицата „8 Септември“, тимот направи детална анализа и заклучокот е дека и оваа терапевтска мерка вреди да се проба“, одговори министерот Филипче.

Тој објасни дека третманот со озонската терпија се состои во тоа да се земе крв од болниот, таа се оксигенира и повторно се враќа назад кај пациентот. Болните немаат доволно оксигенација на крвта, а со примање на озон се подобрува способноста на крвта да однесе кислород во ткивата на повеќе органи во организмот.

„Имаме предвид дека како причина за тешката клиничка слика е недоволната оксигенација на крвта и се смета дека со оксигенирање со озон, една количина на крв може, ми се чини 15 милилитри, се вади, се озонира и се враќа во циркулацијата и тоа може да се повтори неколку пати во денот. Се подоборува способноста на крвта да однесе кислород до ткивата каде е тоа потребно, така што на тоа се должат добрите резултати. Тоа е механизмот на делување. Како ќе се индицира, веројатно врз основа на проценка на степенот на оксигенација на крвта што е параметар кој може да се мери и се мери кај сите пациенти кои се на интензивна нега. На кратко, тоа е подобра можност крвта да оксигенира ткива во повеќе органи во организмот“, изјави Филипче.

Според информации на НОВА, апаратот е донесен од Клиниката за детска хирургија каде што претходно било планирано да има повеќекратна намена. Како што веќе објави НОВА, во болницата „8 Септември“, од денес или утре ќе се започне со озонска терапија на пациентите КОВИД-19.

Филипче најави дека за утре е закажана и првата екстракција со крвна плазма кај заболени со КОВИД-19.

Министерот упати апел до граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат мерките на Владата за држење на дистанца и носење на прекривка на носот и устата бидејќи даваат резултати.

Иако, тој излезе со нова проценка од последните направени анализи во однос на врвот на болеста според која движењето на кривата е дека бројот ќе биде меѓу 1.600-1.700 заразени, министерот рече дека не е време да се опуштиме бидејќи мерките даваат резултати.

„На презентација пред два викенда ги покажавме кривите и очекувања. Во првата анализа кривата на нови дијагностицирани беше таква што кажуваше дека може да стигнеме до максимална бројка од две до 2,5 илјади заразени со коронавирус. Тогаш таа претпоставка беше направена врз основа на тогашниот број пациенти, но тогаш немавме воведено вакви мерки.  Сакаме и очекуваме да имаме помал број, но се подготвуваме како да ќе имаме поголем. Последните анализи од пред една недела покажаа дека е можно бројката да биде 1.600 – 1700 заразени. Но не се опуштаме. Се уште е рано. Ги димензионираме мерките за да продолжи овој позитивен тренд“, рече Филипче.

Министерот повтори дека на есен се очекува нов бран од коронавирусот, но нагласи дека земјите веќе научија како треба да ги организираат здравствените системи за периодот кој престои. И ние како држава се организираме, рече Филипче.

„Ние добар дел од планот направивме, како да ни бидат организирани капацитетите за следните месеци, посебно почетокот на есента кога ќе имаме, за што сме сигурни,  нов бран на заболени, а ќе има и дополнително оптоварување со сезонскиот грип. Сега се престројуваме, научивме како треба, имаме дополнителни капацитети на Инфективна клиника, ја организиравме болницата „8 Септември“. Добар е системот на СЗО на размена на искуствата и сметам дека оној есенски предизвик кој ќе дојде, многу подобро организирани ќе го изменаџираат сите земји“, рече Филипче.

Во однос на досегашното искуство во земјава со справувањето со епидемијата, Филипче рече дека не сака да изведува заклучоци бидејќи за тоа е се уште рано и е потребно време.

„Можеме само да претпоставуваме, посебно што една сериозна студија трае долго. Досега знаеме  дека добро го амортизиравме бројот на пациенти, смртноста е во рамките на тоа како се движи во регионот, со бројот на тестови сме задоволни според тоа колку се направени на милион жители. Рано е да извлечеме целокупен заклучок, но забележуваме  некаква разлика, кај пациентите кои примиле БСЖ вакцина, иако е сè уште во сферата на шпекулација, има поинакви криви со оние од други земји каде оваа вакцина не е во нивниот вакцинален календар“, рече Филипче.

Тој нагласи дека со донациската сметка при Министерството за здравство ќе се набави медицинска опрема за комплетно опремување на интензивна нега, специјални кревети, ЕХО апарати, респиратори и се што е потребно за еден ваков оддел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.