Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГОБ „8 Септември“ прва започнува со примена на озонска терапија на пациенти со КОВИД-19

0
By Менче Атанасова Точи on April 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2020 12:40

Озонската терапија ќе се дава на пациентите со средно тешка клиничка слика, а за тоа ќе одлучува комисија која ќе даде конзилијарно мислење

ГОБ “8 Септември“ започнува со примена на озонска терапија на пацинтите со КОВИД-19. Оваа болница која што е и Центар за КОВИД-19, прва што започнува со третирање на заболените преку озонирање на крвта. Информацијата за НОВА ја потврди и директорот д-р. Христијан Костов. Со овој третман на болните во болницата започнуваат од денес, најдоцна утре.

„За првпат почнуваме со ваков вид на терапија на болните со коронавирус. Ќе започнеме со средно болните пациенти. Се консултиравме со лекари од Словенија, позајмивме апарат и започнуваме од денес, најдоцна утре“, изјави за НОВА, Костов, директор на ГОБ „8 Септември“.

д-р. Христијан Костов, директор на ГОБ„ 8 Септември“

Во болницата се прават последните подготовки за да се започне со овој вид на терапија. Апаратот е веќе таму. Доктор Лилјана Малиновска Николовска која е одговорна за пациентите кои се на респиратори, за НОВА објаснува дека прво на конзилијарен состанок ќе се одлучува кои пациенти можат да започнат да ја примаат терапијата, според нивната состојба и клиничка слика.

„Ова не е главна терапија, тие и понатаму ќе си ги примаат лековите. Ова е еден начин како дополнително да им се помогне и олесни на овие пациенти. Нема контраиндикации или тие се многу ретки. Се зема крв од пациентот се озонира и потоа се враќа пак во телото на пациентот“, изјави д-р. Малиновска Николовска.

д-р. Лилјана Малиновска Николовска, одговорна за пациентите на респиратори во Ценатарот за КОВИД-19

Во моментот во болницата„8 Септември“ има осум пациенти кои се на респираторни машини, во тешка состојба. Лекарите секојдневно водат битка како да им се помогне на овие пациенти.

НОВА, на една од прес конференциите го праша министерот за здравство Венко Филипче дали се планира да се вклучи и ваков вид на терапија на пациентите, на што тој одговори дека „за тоа остава да одлучат инфектолозите“.

Озонската терапија веќе се применува кај пациентите со КОВИД -19 во Кина и Италија. Првите резултати во Италија беа објавени на 1 април годинава.

Од првиот извештај на една од 17-те болници каде што озонската терапија се изведува според протоколот на СИООТ (Научно здружение на озонска терапија со озон), 10 пациенти во средно тешка и многу сериозна состојба имаа брзо и одлучувачко подобрување.

По само 5 сесии на третман, од 5 интубирани, едната пациентка е подобрена до тој степен да се ектубализира, а другите значително се подобруваат.

Пациент со полесни симптоми , по неколку сесии на терапија со кислород со озон, се опоравиле и се вратиле дома.

Единствениот починат бил со многу тешка клиничка слика со претходни заболувања. Кај него  озонската терапија се практикувала како екстремен обид, да се спаси но, без подобрување.

Во техничкиот извештај, лекарите напишале дека по 5 третмани со терапија со озон според протоколот SIOOT, пациентите се многу подобри.

Откако примале кислородна озонска терапија, лекарите го констатирале следното:

– општо подобрување на клиничките услови;

– нормализирање на телесната температура

– намалување на реактивниот протеин Ц (ПРЦ);

– нормализација на отчукувањата на срцето;

– подобрување на заситеноста и намалувањето на поддршката на кислородот;

– нормализација на бубрежната функција (креатин).

Според професорот  Маријано Франсини, претседател на СИООТ Интернешнел и промотор на протоколот за третман заедно со проф. Луиџи Валденаси и СИООТ,  најрелевантни податоци се дека подобрувањата, покрај тоа што се значајни, се случиле на само 5 дена од терапијата.

„Лекарите кои ги третираа пациентите со Ковид-19  ми открија дека ниту еден протокол за лекување не ги дава истите резултати како озонската терапија“, изјави Францини за италијанските медиуми.

Францини потенцира дека е многу важно озонската терапија да се практикува на почетокот, кога брисот се покажал позитивен, така што пациентите би можеле да бидат третирани пред нивните симптоми да се влошат, со што ќе се успее да се избегне хоспитализација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.