Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Пет нови случаи со коронавирус, четворица се здравствени работници

0
By Нова ТВ on March 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2020 19:33

На скопскиот аеродром слетал авион од Брисел, каде што има луѓе со симптоми кои веднаш ќе  бидат однесени на Инфективна клиника и во зависност од резултатите ќе се знае што понатаму, дали ќе бидат во домашна изолација или во објектите за групна изолација

Пет нови случаи на коронавирус во земјава. Четворица се здравствени работници од амбуланта на матични лекари во Дебар, а вториот случај е сопругата на пациентот кој првично бил дијагностициран како болен од корона вирусот во болницата  Жан Митрев. Со ова бројот на заболени во земјава достигна 31 лице, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.

„Четворицата здравствени работници се од приватна матична установа, дел од нив се носители на вирусот, еден е со симптони.  Од утре во болницата во Дебар ќе бидат пратени двајца доктори од Клиника за пулмологија, епидемиолозите и инфектологот се веќе таму“, рече министерот Филипче.

Тој соопшти дека во овој момент на скопскиот аеродром слетал авион од Брисел, каде што има луѓе со симптоми на грип.

„Овие луѓе веднаш ќе  бидат однесени на Инфективна клиника во зависност од резултатите че се знае што понатаму, дали ќе бидат во домашна изолација или ќе бидат ставени во објектите за групна изолација. Не знаеме, можеби патниците имаат обичен грип“, рече Филипче.

Тој нагласи дека не може да се забрани влез на наши граѓани од странство, но летовите се строго органичени.  Потенцира дека на клиниките е направен распоред, програмот е сведен на минимум, се примаат само итни случаи, а меѓу леарите физички контакта нема, по телефон се договараат меѓу себе.

„Целосно сме свесни дека здравствените работници се најмногу експонирани и мора да ги заштитиме. Мора да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем. Мора да се придржуваме на мерките, одлуките мора да се почитуваат, исклучително е важно за здравствените работници да бидат добро, тие имаат семејства, пожртвувано работат, помагаат. Упатувам апел до здравствените работници  дека трудот, нaпорот што го вложуваат е непроценлив, а до граѓаните “останете дома и придржувајте се на мерките“, рече Филипче.

Министерот рече дека има различни прогнози за шрењето на вирусот.

„Највжно е пикот на болеста да не дојде одеднаш. Секоја епидемија има крива, колку е таа поблага,  здравствениот систем може тоа да го оптимизира,  за да не дојде до компликации и преоптовареност на здравствените работници. Вирусот е тука, но добро е здравствениот систем поблаго да го прими ударот од пациенти. Колку е ударот појак, толку поголеми проблеми прави на здравствениот систем“, објасни Филипче.

Тој рече дека ако ситуацијата продолжи вака, да расте бројот на заболени мерките ќе продолжат и децата нема да одат на училиште, како и за останатите образовни установи.

Нагласи дека се планира пошироко тестирање на луѓе во Октиси, Лабуниште и други општини кои имале интензивна комуникација со граѓани од Дебар.  Епидемиолозите од Охрид и Струга прават анализа и епидемиолошка анкета со нив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.