Венко Филипче: Во споредба со никогаш досега, земјите-кандидатки никогаш немале поголема поддршка да станат земји-членки на Европската Унија, пред сè поради геополитичките и геостратешките движења што моментално се случуваат во светот, а особено во Европ но поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски, земјата останува на маргините од тој процес.
Јасно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се соочи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, членството во Европската Унија.
Земјата останува надвор од сите европски трендови, под силно влијание на процеси што му штетат на процесот на европска интеграција, под влијание на други земји што немаат никаков интерес за регионот и интеграцијата на Македонија во Европа.
Политичката изолација носи економски неуспех за земјата и дека со блокирање на нејзината европска иднина, ризикуваме да останеме последни во регионот.
Извор: Прес конференција



