Венко Филипче: Поради неспособноста на Владата предводена од ВМРО‑ДПМНЕ да ги исполни роковите од реформската агенда, 43 милиони евра пари од Планот за раст наменети за реформи останаа неискористени.
Ова го говорат сите факти во однос на реформите за кои не се задолжени ниту Бугарија ниту Грциja, туку самата Владата.
Министерството за економија, нула реализирани реформи. Министерството за правда, за цела година нула закони. Министерството за енергетика, нула проекти. Министерството за дигитализација, единствено тоа и тоа се реформи што беа подготвени уште од нашето време, успеа да испорача нешто конкретно.
Извор: Прес конференција