Министерот за здравтсво, Венко Филипче на денешната прес конференција предупреди дека пред нас е најтешкиот период кога ќе се соочиме со најтешките последици.
“Пред нас е најтешкиот период – период во кој бројот на заболени ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои период за жал во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој – никој не е имун ниту е заштитен од него. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот и од оваа болест, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана. Навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа, нема да биде лесно. Затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпазливо и одговорно заради тоа што ова зависи од секој успех оваа борба зависи од секој еден од нас“, изјави министерот Филипче.
Филипче соопшти дека бројката на заболемни е во пораст но сепак како што рече тој добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално.
“Вирусот не заобиколи ниту една една земја, не ја заобиколи ниту нашата. Пред нешто повеќе од еден месец како беше регистриран првиот позитивен случај и од тогаш до денес бројката на потврдени случаи постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално – што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување а тоа му дава шанса на нашиот систем за одржливост – можност соодветно да ги прими, да ги амортизира сите пациенти без притоа да бидат оптоварени нашите капацитети. Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв и несигурност” изјави Венко Филипче.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.
Во текот на прес конференцијата на Министерот за здравство Доц. Др. Венко Филипче, Институтот за јавно здравје потврди уште 2 позитивни пациенти, кои ќе бидат регистрирани во денешниот извештај на Институтот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице
По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1
Бројот на жртвите ширум светот поради коронавирусот достигна 30.471. Додека бројот на заразени се искачи на 658.672 лица, 141.419 лица се излекувани. Италија е земја најтешко погодена од вирусот, бидејќи досега се регистрирани над 10.000 смртни случаи. Заменик-министерот за здравство на Италија, Пјерпаоло Силери рече дека верува оти вирсот се доближува до својот врв.




