Мицкоски дома пред македонските граѓани зборува едно, но во Брисел зборува друго, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Мицкоски и неговата влада не ги исполнија потребните реформи и сега преку својата пропаганда се обидуваат да манипулираат со граѓаните, да создаваат поделби во општеството и да ја префрлат одговорноста кај Европската Унија.
Мицкоски едно зборува дома, а сосема друго во Брисел
„Тие ништо не работат на реформите, па им е виновна Европската Унија? Не ги исполниле реформите и немаат што да бараат во Брисел. Но, важно е што сакаат да им пласираат на граѓаните. Повторно лаги и манипулации. Вести од ваков тип, кои излегуваат од кујната на ВМРО се лаги кои служат за манипулација и поделби на граѓаните. Оние кои се за ЕУ се предавниците, а оние кои мислат дека го чуваат македонскиот идентитет се патриоти“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче посочи дека вистинскиот проблем не се малцинствата, туку криминалот и корупцијата на власта.
„Освен што треба да се исполни реформската агенда и да се донесат европските закони, потребно е да се внесат и малцинствата во Уставот. Да им објаснам на граѓаните кои ги читаат вестите од ВМРО-орбановите медиуми. Малцинствата не се некакви нови луѓе кои што треба да дојдат тука кај нас. Тоа се наши граѓани, граѓани на Македонија, наши комшии, пријатели, сограѓани. Како не разбираат? Не се проблем малцинствата. Проблемот е криминалот и корупцијата на оваа банда на власт“, рече Филипче.
Тој додаде дека Мицкоски и неговата влада свесно ја жртвуваат иднината на граѓаните и економскиот стандард во државата.
„Затоа се подготвени да ја жртвуваат вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа имаме вака голем број граѓани кои живеат во сиромаштија. Затоа платите не се зголемуваат. Затоа луѓето немаат за леб, за патување, немаат за нормален живот, каков што имаат граѓаните на Европа. Ние не преговараме со Бугарија. Ние преговараме со Европската Унија“, рече Филипче.
Муцунски во Брисел беше потивок од есенски дожд
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остро реагираше лагите и манипулациите на ВМРО-ОКГ и нивната пропагандна.
„Муцунски грмнал во Брисел, Тимчо. Ова веќе звучи смешно само по себе. Но, она што воопшто не е смешно е дека криминалната група на ВМРО преку нивните медиуми, сега внимавајте, ја обвинуваат Европската Унија дека не се спроведуваат реформите тука кај нас. Тимчо Муцунски, министер на криминалната група ВМРО, и во име на шефот на бандата Христијан Мицкоски, грмнал во Брисел и ја обвинил ЕУ дека таа е виновна што ние не ги спроведуваме реформите како услов за продолжување на преговорите. Значи вака, тие се виновни што ние не сме направиле ништо во однос на нашите обврски. Кој е овде луд? Тие ништо не работат на реформите, па им е виновна Европската Унија“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека вистината е сосема поинаква од пропагандата што ја пласира ВМРО.
„Накратко, Тимчо воопшто не грмнал таму, бил потивок од есенски дожд. Муцунски, исто како и Мицкоски дома, пред македонските граѓани зборуваат едно, но во Брисел зборуваат друго“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека Владата не ги исполнува реформите затоа што реформите значат одговорност, независно судство и борба против криминалот и корупцијата.
„Реформите значат независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност. Некој мора да одговара за кражбата. А тие тоа не го сакаат“, потенцираше Филипче.
Мицкоски едно зборува дома, а сосема друго во Брисел
Мицкоски дома пред македонските граѓани зборува едно, но во Брисел зборува друго, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Мицкоски и неговата влада не ги исполнија потребните реформи и сега преку својата пропаганда се обидуваат да манипулираат со граѓаните, да создаваат поделби во општеството и да ја префрлат одговорноста кај Европската Унија.
„Тие ништо не работат на реформите, па им е виновна Европската Унија? Не ги исполниле реформите и немаат што да бараат во Брисел. Но, важно е што сакаат да им пласираат на граѓаните. Повторно лаги и манипулации. Вести од ваков тип, кои излегуваат од кујната на ВМРО се лаги кои служат за манипулација и поделби на граѓаните. Оние кои се за ЕУ се предавниците, а оние кои мислат дека го чуваат македонскиот идентитет се патриоти“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче посочи дека вистинскиот проблем не се малцинствата, туку криминалот и корупцијата на власта.
„Освен што треба да се исполни реформската агенда и да се донесат европските закони, потребно е да се внесат и малцинствата во Уставот. Да им објаснам на граѓаните кои ги читаат вестите од ВМРО-орбановите медиуми. Малцинствата не се некакви нови луѓе кои што треба да дојдат тука кај нас. Тоа се наши граѓани, граѓани на Македонија, наши комшии, пријатели, сограѓани. Како не разбираат? Не се проблем малцинствата. Проблемот е криминалот и корупцијата на оваа банда на власт“, рече Филипче.
Тој додаде дека Мицкоски и неговата влада свесно ја жртвуваат иднината на граѓаните и економскиот стандард во државата.
„Затоа се подготвени да ја жртвуваат вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа имаме вака голем број граѓани кои живеат во сиромаштија. Затоа платите не се зголемуваат. Затоа луѓето немаат за леб, за патување, немаат за нормален живот, каков што имаат граѓаните на Европа. Ние не преговараме со Бугарија. Ние преговараме со Европската Унија“, рече Филипче.
Ние не преговараме со Бугарија, туку со Европската Унија
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека во јавноста треба да биде јасно дека европските интеграции на земјата се водат исклучиво со Европската Унија, а не со билатерални држави, нагласувајќи дека обидите за спинување на процесот од страна на ВМРО, служат за само внатрешна политичка манипулација.
„Ние не преговараме со Бугарија. Ние преговараме со Европската Унија.Прашањето за малцинства не е прашање на Бугарија. Тоа е прашање за кое што разговараме со Европската Унија.Она на што игра ВМРО е приказна на предавници и странски платеници. Иста реторика од деведесеттите години во минатиот век, која донесе единствено до конфликт и изолација. Е, тоа е тоа што тие го сакаат“, рече Филипче.
Тој додаде дека ВМРО не сака реформи, затоа што тоа значи одговорност и вистинска европска трансформација.
„Најголемите предавници се Христијан Мицкоски и неговата криминална банда. Реформите се проблем за нив, затоа што реформите значат продолжување на интеграциите во Европската Унија. Реформите значат демократско и праведно општество. Реформите значат независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност. Некој мора да одговара за кражбата. А тие тоа не го сакаат“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче предупреди дека европската перспектива на државата е загрозена од анти-европски кампањи, дезинформации и пропаганда на ВМРО,чија цел е да се одвлече вниманието од реформите и одговорноста на власта.
„Затоа ги држат сите граѓани како заложници со лаги, со предавници, со лажни вести, со лажни афери, Харис Џиновиќ, Дубаи, згради и со цела таа пропаганда, која што секојдневно ја гледаме – орбановата медиумска машинерија, која работи деноноќно и го труе јавниот простор. Европа е нашиот национален интерес. Македонија треба да биде во Европа. Македонија и Европа се нашиот идентитет. Анти-европската кампања, евроскептицизмот, тоа се задачите на овој медиумски октопод од Будимпешта преку Белград до Скопје“, рече Филипче.
Мицкоски ја жртвува европската иднина за да го спаси криминалот
„Мицкоски ја жртвува европската иднина за да го спаси криминалот“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека власта ја блокира европската перспектива на државата.
„Малцинствата не се некакви нови луѓе кои што треба да дојдат тука кај нас. Тоа се наши граѓани, граѓани на Македонија, наши комшии, пријатели, сограѓани. Како не разбираат? Не се проблем малцинствата. Проблемот е криминалот и корупцијата на оваа банда на власт. Затоа се подготвени да ја жртвуваат вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа имаме вака голем број граѓани кои живеат во сиромаштија. Затоа платите не се зголемуваат. Затоа луѓето немаат за леб, за патување, немаат за нормален живот, каков што имаат граѓаните на Европа. Ние не преговараме со Бугарија. Ние преговараме со Европската Унија“, потенцираше Филипче.
Претседателот на СДСМ појасни дека прашањето за малцинствата се злоупотребува и се користи за политички манипулации од страна на ВМРО-ОКГ.
„Прашањето за малцинства не е прашање на Бугарија. Тоа е прашање за кое што разговараме со Европската Унија. Она на што игра ВМРО е приказна на предавници и странски платеници. Иста реторика од деведесеттите години во минатиот век, која донесе единствено до конфликт и изолација. Е, тоа е тоа што тие го сакаат. Народот да гладува, а тие да носат часовници од 60 илјади евра, да купуваат нов авион додека некој нема за леб. Банда обична. Собир на криминалци кои ве лажат. Реформите се проблем за нив, затоа што реформите значат продолжување на интеграциите во Европската Унија. Реформите значат демократско и праведно општество“, потенцираше Филипче.
Народот гладува, тие носат часовници од 65.000 евра
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека политиките на ВМРО се засноваат на опасни наративи кои не носат напредок, туку изолација и стагнација на државата. Филипче посочи дека на Мицкоски и неговата влада, не им се важни граѓаните, важен им е само нивниот луксуз.
„Она на што игра ВМРО е приказна на предавници и странски платеници. Иста реторика од деведесеттите години во минатиот век, која донесе единствено до конфликт и изолација. Е, тоа е тоа што тие го сакаат. Народот да гладува, а тие да носат часовници од 60 илјади евра, да купуваат нов авион додека некој нема за леб. Банда обична. Собир на криминалци кои ве лажат“, рече Филипче.
Тој додаде дека на владата ВМРО и се проблем реформите затоа што тоа значи продолжување на интеграциите во Европската Унија, европска контрола, одговорност, а тоа тие не го сакаат.
„Реформите се проблем за нив, затоа што реформите значат продолжување на интеграциите во Европската Унија. Реформите значат демократско и праведно општество. Реформите значат независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност. Некој мора да одговара за кражбата. А тие тоа не го сакаат. Затоа ги држат сите граѓани како заложници со лаги, со предавници, со лажни вести, со лажни афери, Харис Џиновиќ, Дубаи, згради и со цела таа пропаганда, која што секојдневно ја гледаме – орбановата медиумска машинерија, која работи деноноќно и го труе јавниот простор“, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека проблемот не се малцинствата, туку криминалот на власта која е подготвена да ја жртвува иднината на граѓаните.
„Не се проблем малцинствата. Проблемот е криминалот и корупцијата на оваа банда на власт. Затоа се подготвени да ја жртвуваат вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа имаме вака голем број граѓани кои живеат во сиромаштија. Затоа платите не се зголемуваат. Затоа луѓето немаат за леб, за патување, немаат за нормален живот, каков што имаат граѓаните на Европа“, рече Филипче.
Народот го праќаат на езера, тие да летаат на море со владин авион
Оваа влада народот го праќа на езера, за тие да летаат на море со владин авион, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека на Владата на ВМРО со погубните политики се повеќе ја изолира државата, граѓаните од ден во ден живеат потешко, додека власта се луксузира.
„Од Македонија прават слепо црево на Балканот и не изолираат секојдневно. На граница не може нормално да поминете. На лето ќе се чека меѓу осум и десет часови. На родителите со мали деца им велат – „Што ви треба море? Одете на езера и планини”, додека тие со државниот владин авион одат на море и живеат во луксуз. Затоа, мора да застанеме на патот на оваа криминална организација“, рече Филипче.
Тој додаде дека Владата на ВМРО ги уништува соништата на младите и достоинството на повозрасните генерации.
„Им ги зедоа соништата на младите луѓе кои само гледаат како да избегаат од тука. А на старите им ги земаа достоинствените години во пензија. На родителите им ја зедоа можноста за нормално воспитување и школување на децата.Народот да гладува, а тие да носат часовници од 60 илјади евра, да купуваат нов авион додека некој нема за леб. Банда обична. Собир на криминалци кои ве лажат“, рече Филиче.
На прес-конференцијата Филипче порача дека Владата на ВМРО нема право да ја жртвува иднината на државата, Македонија и Европа се нашиот идентитет, и следуваат промени.
„Јас ви ветувам, поради се ова, тие ќе одговараат. Реформи, правда и Европа. Нема враќање назад. Сакаме во Европа. Сакаме успешна и богата Македонија, а не европска Венецуела. Сакаме светла иднина за нашите деца. Сакаме достоинствена Македонија и тоа да биде за сите граѓани на земјава.Европа е нашиот национален интерес. Македонија треба да биде во Европа. Македонија и Европа се нашиот идентитет“, рече Филипче.
Најголемите предавници се Мицкоски и неговата криминална банда
„Најголемите предавници се Христијан Мицкоски и неговата криминална банда.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Она на што игра ВМРО е приказна на предавници и странски платеници. Иста реторика од деведесеттите години во минатиот век, која донесе единствено до конфликт и изолација. Е, тоа е тоа што тие го сакаат. Народот да гладува, а тие да носат часовници од 60 илјади евра, да купуваат нов авион додека некој нема за леб. Банда обична. Собир на криминалци кои ве лажат“, обвини Филипче.
Филипче посочи дека европската интеграција претставува клучен државен интерес.
„Европа е нашиот национален интерес. Македонија треба да биде во Европа. Македонија и Европа се нашиот идентитет. Анти-европската кампања, евроскептицизмот, тоа се задачите на овој медиумски октопод од Будимпешта преку Белград до Скопје. Пласирање на лаги, збунување на гласачите, правење сателитски партии, некакви платформи, поделба на опозицијата“, потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче се осврна на медиумското влијание и пропагандата во јавниот простор.
„Драган Павловиќ-Латас, главен уредник на сето тоа што се пласира. Човек кои со години наназад работи за странски служби, кој учествуваше во палење на Американската амбасада, тука во Скопје заедно со УДБА. Тој е првиот соработник на Христијан Мицкоски. И тие живеат во луксуз, додека неговото семејство има бугарски пасоши. Тие двајца продаваат патриотизам на граѓаните. Тие обвинуваат некој за предавство“, обвини Филипче.
Реформи, правда и Европа, сите ќе одговараат јас ви ветувам
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека власт ја турка државата во изолација и го блокира европскиот пат, нагласувајќи дека реформите и европската иднина се единствениот излез за земјата.
„Од Македонија прават слепо црево на Балканот и не изолираат секојдневно. Реформите се проблем за нив, затоа што реформите значат продолжување на интеграциите во Европската Унија. Реформите значат демократско и праведно општество. Реформите значат независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност. Некој мора да одговара за кражбата. А тие тоа не го сакаат“, потенцираше Филипче.
Филипче нагласи дека граѓаните заслужуваат правда и европска иднина и дека одговорноста за состојбите мора да биде утврдена.
„И јас ви ветувам, поради се ова, тие ќе одговараат. Реформи, правда и Европа. Нема враќање назад. Сакаме во Европа. Сакаме успешна и богата Македонија, а неевропска Венецуела. Сакаме светла иднина за нашите деца. Сакаме достоинствена Македонија и тоа да биде за сите граѓани на земјава“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Мицкоски лажеше за криминал за коридорите, а во надзорот влегол кадар на ВМРО
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, лажеше и обвинуваше за криминал за Коридорот 8, додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во опозиција.
„Коридорот е добар проект. Тоа беше Коридор за кој што ние од страна на Христијан Мицкоски бевме обвинувани дека е некаков голем, страшен криминал. Излезе една новинарска анализа, после обвинувањето за надзорот на автопатиштата, за кое што тогаш во опозиција Христијан Мицкоски обвинуваше дека станува збор за кој знае каков криминал и дека некој ќе одговара, а во фирмата влегол претставник, член поранешен на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.
Во одговорот Филипче нагласи дека суштинското прашање е како Владата на ВМРО е вградена во секој проект за да зема пари.
„Тоа е вистинското и суштинско прашање. Не се проблем коридорите, патиштата, сè што се гради од државава. Прашање е како оваа банда е вградена во секој проект за да зема пари. Тоа е клучното прашање“, рече Филипче.




