Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Регионот оди напред но со власта на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е изолирана на периферијата од Европа

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција на ЗНАМ и ВЛЕН не сакаат да работат на реформите тоа поради тоа што не сакаат систем, сакаат свое судство свои судии обвинители, тие не сакаат европско обвинителство затоа што не сакаат правда, зошто сакаат да крадат пари. Тоа сакаат, и тоа граѓаните треба да знаат затоа што на Лаура Ковеши, европската обвинителка, не можат да ѝ прават притисок.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Директно“ на ТВ Телма оцени дека ВМРО-ДПМНЕ ја држи земјата закопана во место и изолирана, кога целиот регион оди напред. Според него, од последните случувања на виделина излегуваат и причините за ваквата положба во која власта на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе земјата.

„Нема ниту еден реформски закон донесен. Ниту еден од 12-те што требаше да се донесат годинава. Тоа се закони кои ги очекуваат граѓаните, но и судиите и обвинителите“, истакна Филипче, додавајќи дека станува збор за законите за судските предмети, за платите на судиите, за движењето на судските предмети и за сите области на кои Европската Унија има дадено забелешки.

Тој порача дека државата нема да може да ги отвори поглавјата со ЕУ ниту доколку уставните измени се случат веднаш.

„И да се случат уставните измени утре, ние не сме подготвени да почнеме преговори. Трите главни патокази за владеење на правото, малцинствата и јавната администрација не се ни започнати“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека Македонија го доби еден од најлошите извештаи од Европската комисија.

„Извештајот е полош само од тој од 2015 година кога бевме означени како заробена држава. Ништо од ова не се случува случајно. Владата едноставно не работи на реформите“, потенцира Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ не сакаат во ЕУ, не сакаат правда, затоа што сакаат да крадат пари

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Директно“ на Телма оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната влада свесно го блокираат европскиот пат, реформите и функционирањето на правната држава, затоа што, како што кажа, не сакаат систем, туку свое судство и обвинители за да можат да крадат пари.

„ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција на ЗНАМ и ВЛЕН не сакаат да работат на реформите тоа поради тоа што не сакаат систем, сакаат свое судство свои судии обвинители, тие не сакаат европско обвинителство затоа што не сакаат правда, зошто сакаат да крадат пари. Тоа сакаат, и тоа граѓаните треба да знаат затоа што на Лаура Ковеши, европската обвинителка, не можат да ѝ прават притисок. Не може ниедна влада и нигде во регионот некој да ѝ прави притисок, ама на нашите обвинители можат“, истакна Филипче.

Тој потенцираше дека државата е целосно блокирана во клучните реформски процеси кои се предуслов за отворање на поглавјата со Европската Унија.

„Три главни патокази, за владеење на правото, за малцинствата и за јавната администрација не се ни започнати. Тие едноставно не работат на реформите“, рече Филипче.

Според него, и да се случат уставните измени утре, државата нема капацитет да ги започне преговорите, бидејќи реформските закони кои ги бара ЕУ не се донесени.

„Нема ниту еден од 12-те клучни закони, ниту за судските предмети, ниту за платите на судиите, ниту за функционирањето на АКМИС системот. Тоа се обврски на владата и тие не ги исполнуваат“, посочи претседателот на СДСМ.

Филипче потсети дека Македонија го доби еден од најлошите извештаи од Европската комисија по оној од 2015 година, кога земјата беше означена како заробена држава.

„Очигледно е дека евроинтегративниот процес стои во место, а владата ја држи земјата изолирана додека целиот регион оди напред“, нагласи Филипче.

Во однос на отворените прашања за европскиот пат, тој истакна дека власта цело време ги манипулира граѓаните.

„Еве, поминаа изборите, а ние не знаеме што се случува со нивните наводни подобрувања на преговарачката позиција. Сега е јасно дека тоа биле лаги“, заклучи Филипче.

СДСМ е државотворна партија со јасна визија за младите и силна борба против корупцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телма потенцираше дека политиките на партијата отсекогаш биле во духот на социјалдемократијата, насочени кон градење праведно и европско општество, а тоа ќе остане јадрото и во иднина.

„Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со години, децении, биле истите – државнички, во духот на социјалдемократијата, еднаквост, социјална правда. И никогаш од тие принципи и постулати партијата во својата историја не отстапила“, рече Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ останува партија изградена на неколку цврсти темели: борба против корупцијата, јасна евроинтегративна ориентација, подобрување на животниот стандард на граѓаните и спротивставување на националистичките политики на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е партија што се темели на силна борба против корупцијата, на евроинтеграции, на обезбедување што поголеми приходи за граѓаните и борба против националистичките елити како ВМРО-ДПМНЕ. Тие, сè што прават, е само да го делат населението и граѓаните, додека државата стагнира, а на владејачката елита ѝ врват само бизнисите“, порача Филипче.

Во интервјуто, тој потсети и на мерките кои СДСМ ги презеде во изминатите години за унапредување на животниот стандард дури и во време на криза, преку раст на платите, пензиите и решавање на долгогодишни проблеми.

„Имаме примери од минатото како сме се грижеле за граѓаните и за нивниот стандард, дури соочени со големи кризи. Благодарение на тие социјалдемократски политики, граѓаните видоа огромен бенефит – раст на платите, раст на стандардот, раст на пензиите, решавање на повеќедецениските проблеми што ја држеа земјата заглавена“, изјави Филипче.

Тој посочи дека новото време носи нови предизвици и дека СДСМ ги подготвува своите идни политики во таа насока – особено фокусирани на младите луѓе кои бараат реални можности за напредок, развој и останување во земјата.

„Потребни се нови политики кои ќе адресираат и нови гласачи – тоа се младите луѓе кои изминатите неколку години веќе стануваат полнолетни и бараат посебни можности. Бараат опции и кога не ги гледаат, се иселуваат од земјата. Нашата програма ќе содржи и многу за нив“, рече Филипче.

Тој додаде дека младите очекуваат реформи, критериуми базирани на знаење, а не партиска книшка, и нови економски можности.

„Младите луѓе бараат можности, бараат да нема партизација, бараат вистински критериуми за да можат да напредуваат, бараат нови технологии, бараат регулирање на финансиските крипто пазари, на пример“, потенцираше Филипче.

Нова сила – кадровско освежување на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното интервју во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, најави кадровско освежување во партијата.

Тој посочи дека на вечерашниот Извршен одбор на СДСМ, ќе побара оставка од членовите и на следниот Централен одбор ќе се избере новиот состав на ИО.

„Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе коишто имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните и тоа како ја заслужуваат. Веќе разговарав со добар дел од луѓето, не би шпекулирал со имиња меѓутоа не станува збор за целосна смена, туку за парцијално освежување на тимовите и во делот на раководството на партијата на ниво на потпретседатели и во делот на Извршниот одбор“, рече Филипче.

Тој посочи дека резултатот од локалните избори е мотив за напорна и интензивна работа во следниот период и во следниот период најави активна теренска активност на СДСМ.

„Имаме тимови коишто ќе се впуштат во силна и многу интензивна теренска работа. Ќе се впуштат во изнаоѓање на нови членови коишто практично ќе знаат премин на генерациите во СДСМ од една во друга генерација, нова сила, нова енергија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

интервју СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
ФОКУС

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен

ВЕСТИ December 3, 2025

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, беше корисен,…

Уставната судијка Дабовиќ-Атанасовска се повлече, вели дека оставката е од лични и семејни причини

December 2, 2025

Уапсена бившата шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, обвинета е за финансиска измама

December 2, 2025

САД не гледаат потреба Рубио да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

December 2, 2025
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.