Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Се уште не e избрана банката која ќе го кредитира Клиничкиот центар

0
By Менче Атанасова Точи on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се уште не е избрана банката која ќе ја кредитира изградбата на новиот Клинички центар, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа значи дека во Министерството за финансии кое е во координација со Министерството за здравство, уште се преговара која ќе би била најповолната можна понуда. Со тоа ја потврди информацијата на НОВА, дека се уште не е договорено кој ќе биде финансиер на најголемиот проект во државата и дека постапката се уште е во тек.

Тој потврди дека се преговара со две развојни банки, но не ја отфрли можноста и за конзорциум од трите комерцијални банки (Ерсте груп, Раифазен банк и Уникредит), иако во декември минатата година Владата ја прифатила информацијата кредит да се побара од двете развојни при Совет на Европа (ЦЕБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ).

„Ние немаме изворно банка за соработка. Во Министерството за финансии се одвива дијалог за најповолен финансиер. Во предвид доаѓаат трите комерцијални банки кои ги кажав и порано,  и две развојни банки. Се прават анализи која понуда е најповолна. Значи, не е точна информацијата дека е одлучено дека двете развојни банки ќе ја кредитираат изградбата на новиот Клинички центар, нема избрано финансиер, тоа ќе следи во периодот што е пред нас“, одговори министерот Филипче на прашања на новинарите кои се интересираа на оваа тема.

За разлика од Филипче кој рече дека во предвид доаѓаат и трите комерцијални банки, во Министерството за финансии пред два дена за НОВА потврдија дека во тек е постапка за можноста за кредитирање на новиот Клинички центар преку Банката за развој при Совет на Европа(ЦЕБ) и Европската инвестициона банка(ЕИБ). Не кажаа детали дали е дојдено до фаза за да биде прецизирано под кои услови би се земал заемот,  какви се каматните стапки и на колку години ќе се исплаќа кредитот.

„Согласно одлука на Влада во декември Министерството за финансии се обрати до Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ) со барање за изразување интерес за финансирање на изградбата на Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје. Двете развојни банки во конзорциум изразија интерес и на 171-та седница Владата ја усвои информацијата за финансирање на проектот од овие две меѓународни финансиски институции и постапката е во тек“, велат за НОВА, од Министерството за финансии.

Паралелно со ова, во Министерството за здравство се одвива избор на компанија која ќе го гради објектот на greenfield локација, по моделот “клуч на рака”. Министерот нагласи  дека се одвива процес на конкурентен дијалог во кој првата фаза е завршена.

„ Треба да започне втората фаза со економските оператори од двете фирми со кои треба да почне дијалог, тоа се  германската „Вамед“ и француската „Бујгес констракшн“, рече министерот Филипче.

Како што веќе објави НОВА, реализацијата со изградбата на новиот Клинички центар ги пробива роковите кои беа предвидени. Во Веле Поле, во населбата Ѓорче Петров се уште не е распишан тендерот за уредување на инфраструктурата за што Владата издвои 243 000 евра.

„Тендерот ќе биде распишан следната недела и тој ќе биде за инфраструктурата за просторот да се оспособи и на него да се гради Клиничкиот центар“, изјави за НОВА Наумовски, на крајот од минатата недела.

Сепак, тендерската процедура е процес кој мора законски да се испочитува и временската рамка заедно со периодот на жалби доколку го има не може да се предвиди.

И изборот на фирма која ќе го гради капиталниот објект е процес кој оди бавно, а ресорното Министерство велат дека станува збор за сложени постапки кои се одвиваат непречено. Според надлежните изборите во април нема да ја стопираат или попречат реализација бидејќи процедурите се отпочнати претходно.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.