Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Сега не може да се претпостави дали вакцината ќе биде сезонска

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментов се прави анализа во делот на имунизација и на препораките за евентуална трета доза на вакцина. Сега не може да се претпостави дали оваа вакцина ќе стане сезонска, но верувам дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираме количините за целата следна година, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој појасни дека во моментов се прават клинички студии во светот, и тоа на деца од 6 месеци до 2 години , од 2 години до 5 години и од 5 години до 12 години. Тие резултати, како што рече, допрва треба да дојдат.

Според министерот, никој сега во овој момент не може да претпостави дали ќе биде тоа сезонска вакцина или ке биде вакцина во која што ќе се даде и трета доза, но верува дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираат количините за целата следна година.

-Верувам дека ќе имаме повеќе сознанија во месец септември и во октомври. Сите производители се на располагање и согласно препораки од експери за кои категории на граѓани која вакцина да се даде, рече Филипче.

Како што информира, акцентот сега е ставен на секторот здравство и образование. Во здравство, близу 80 проценти од здравствените работници се веќе вакцинирани. Филипче појасни дека станува збор за оние кои директно работат со ковид центри и оне кои редовно ја работат својата работа.

Во делот на секторот за образование, тој рече дека околу 58 проценти од сите вработени се вакцинирани, со цел училиштата да почнат со нормален тек од месец септември, и во делот на градинките, околу 60 проценти од вработените се вакцинирани.

-Минатата недела имавме координативен состанок со дел од одговорните во компанијата Фајзер, за да разговараме за тоа да следната година набавиме доволна количина од овој производител. Исто така имаме и неколку опции во делот на снабдување вакцини од Србија, кои ќе ни дадат приоритет. Лично разговарав со амбасадорот на Кина, кој исто така укажа дека е отворена можноста да нарачаме од вакцините на Синофарм и Синовак, рече Филипче одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој уште еднаш потсети дека ситуацијата во болниците е прилично мирна, има многу мал број на пациенти кои што се хоспитализирани. Денеска, како што рече, бројот е нешто поголем, има околу 70-тина пациенти кај кои е дијагностициран вирусот, но најдоцна до утре ќе бидат завршени епидемиолошките анкети, за да се види дали има некаква поврзаност со патување во странство.

вакцинација вирус Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.