Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ и на централно и на локално ниво се покажаа како лага

0
By Zoran Ivanov on September 22, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката зашто сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво – нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Венко Филипче, во општина Гази Баба.

Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.

Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека -раѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет, рече Филипче.

Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.

Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија, рече Филипче.

На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна – граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.

Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Гази Баба локални Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.