Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Со изградба на Клинички центар Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој

0
By НОВА ТВ Balaban on October 3, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче, додавајќи дека овој проект ќе биде реализиран колку и да се обидува ВМРО ДПМНЕ да го кочи.
Потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната промоција на кандидатот за градоначалник за општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, истакна:
– Владата, предводена од СДСМ изминатите години ги раздолжи презадолжените општини и инвестираше 500 милиони евра во проекти, кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните.
Но оваа општина, општината Ѓорче Петров е посебна, таа ќе добие можност за дополнителен развој и значаен придонес за подобар и поквалитетен живот, со изградбата на новиот Клинички центар, порача Филипче.
Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западен Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче, додавајќи дека овој проект ќе биде реализиран колку и да се обидува ВМРО-ДПМНЕ да го кочи.
Тој порача дека нема иднина со луѓето што прават блокади, нема иднина со ВМРО-ДПМНЕ, нема иднина со луѓето што лекарите ги нарекуваат убијци, нема иднина со антиваксери и ксенофоби.
Знам дека вие граѓаните на 17 октомври ќе го заокружите бројот 12 за вашата иднина, за иднината на вашите, нашите следни поколенија тука во државата, не во странство, за развиени просперитетни општини, населби и градови, за европска Северна Македонија, за Наумоски, за развиена општина Ѓорче Петров, повика потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Наумоски: Имаме 200 нови проекти за секое населено место во Ѓорче Петров, на 17 октомври да заокружиме 12!
Во иминатите четири години ги реализиравме сите капитални проекти што ги ветивме пред граѓани и уште 200 други проекти од Програмата чија реализација е 80 отсто, порача вечерва кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
Наумоски пред граѓаните истакна дека во новата Програма за следните четири години има над 200 нови проекти за секое населено место, за секое маало, проекти што ќе влијаат на унапредување на квалитетот на живот во општината.
„Покрај Клиничкиот центар, за првпат градиме ново основно училиште во општината, во населбата Александрија со најсовремена спортска сала која ќе исполнува услови за меѓународни натпревари. За овој проект ќе издвоиме околу 3 и пол  милиони евра, во него ќе учат 500 деца од Ѓорче Петров.
Ново Село добива нова детска градинка, инвестиција вредна 800.000 евра, со капацитет за 150 деца проектот е прифатен од Министерството за труд и социјална политика. На местото на урнатата градинка во Дексион имаме проект да се изгради нова детска градинка со капацитет за 150 деца, здравствен објект и мини трговски центар со катна гаража.
Лепенец мора да добие кеј со спортско-рекреативна зона, со тоа го решаваме хаосот со депонии долж реката и добиваме кеј поубав од оној во Скопје. Градиме нови спортски сали во Хром и Никиштани. Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони од Јурија до Хром, со изградба на нов резервоар во Оризарски Рид. Имаме проект за Кучково како наш бисер за чист воздух и рекреација со видиковци и мапирани вело и пешачки патеки и развој на манастирски туризам. Нов проект за водовод во Кучково“ порача Наумоски.
Кандидатот за градоначалник Наумоски истакна дека поддршката од граѓаните е очигледна и дека на 17 октомври во Ѓорче Петров победува СДСМ, победува Најдоброто.
Александар Наумоски Венко Филипче Ѓорче Петров СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.