НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче тврди – договорот за бункерот е законски, фирмите велат не е

0
By Менче Атанасова Точи on August 16, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот договор за кој минитсерот Филипче тврди дека е според правилата на Банката, ја задолжува државата за нови 700 000 евра од кредитот, речиси колку што чини уште еден бункер иако останале само 35 проценти од изградбата не завршени. Фирмите и упатените во проблематика сметаат дека договорот не е според законската процедура 

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека договорот од 700 000 евра, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип е според процедурата на Банката на Советот на Европа(ЦЕБ) и дека не гледа ништо незаконски во тоа што го потпишал.

„Сметам дека е законска целата постапка бидејќи е според правилата на Банката во кои е изземен Законот за јавни набавки и по два неуспешни тендери дадена е согласност изградбата да оди на овој начин. Суштината е во изземањето на нашиот Закон за јавни набавки и е постапено по нивните правила“, изјави за НОВА министерот Филипче.

Според Филипче и од одговорот на Проектната единица, сето ова е направено во втората фаза на проектот и тоа според Законот за задолжување. Но, од она што може да се види од Указот за прогласување на Законот за задолжување, таму воопшто не е спомнат бункерот туку само изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип, за што Македонија се задолжува со нови 97 милиони евра кај Банката за развој при Советот на Европа кои треба да се исплаќаат од Буџетот во наредните 20 години.

Венко Филипче, министер за здравство

Новиот договор (варијација) во вредност од 700 000 евра кој го потпишал Филипче е со грчката фирмата Интеркат која веќе ја гради Клиничката болница, а подизведувач е фирмата Бетон- Штип . Упатените, кои работат токму на оваа проблематика велат дека ваков договор не смеело да биде направен бидејќи не е во согласност со нашите закони, без разлика дали Банката за развој на Советот на Европа преку која е заемот, сугерирала на тоа или не.

„Станува збор за нов договор, за друг проект, друг изведувач и заради тоа  варијацијата која е направена не е законска од причина што не е направена  на основниот договор. А, на основниот договор не било возможно да биде направена варијација бидејќи бункерот никогаш не бил составен дел на Клиничката болница во Штип и е започнат да се гради две години пред болницата “ тврдат извори за НОВА од Проектната единица и од Министерството за здравство.

НОВА дознава дека со вака направената варијација, односно нов договор, без тендер, не се согласувал и не сакал да го потпише Љупчо Балковски кој од скоро е назначен за технички раководител на Проектната едница на Банката (ЦЕБ)преку која одат сите проекти за изградба и реконструкција на објектите во здравството. Договорот го потпишале Јован Грповски кој беше десна рака на екс министерот Тодоров и се уште е организациски раководител во Проектната единица и е врската со Банката, како и министерот Венко Филипче.

Балковски иако е технички раководител на Проектната единица, тврди дека не го видел договорот бидејќи тој  бил одговорен во  делот на надзорот, а не во административниот дел и во делот на плаќањата, за кои вели дека е одговорен Јован Грповски.

„Варијацијата ја немам видено и немам ингеренции за потпис, но ќе одам деновиве да видам во каква состојба е бункерот“, изјави кратко Балковски.

НОВА не го доби договорот(варијација) на увид иако го баравме два пати, согласно Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер. Од Проектната едоница ни беше одговорено дека можеме да го добиеме на увид само таму, во рамки на Проектната единица за имплементација, иако така не може да се види и проучи целокупната документација.

Љупчо Балковски раководител на Проектната едница на Банката за рзаво при Совет на ЕУ(ЦЕП)

Балковски пак, тврди дека му било кажано дека станува збор за меѓународни договори и заради е одлучено  така. Но, во Законот за слободен пристап до информации нема ограничување на меѓународни договори што е добро објаснето во член 6 и член 7 од овој Закон.

Дека бункерот никогаш не бил составен дел од болницата потврдија и од фирмата која го проектирала објектот на болницата, а потоа го преземала друга фирма која наводно отишла во стечај бидејќи не и било платено за работата. Имињата на фирмите проектанти се познати на редакцијата на НОВА.

 На прашањето до Проектната единица дали бункерот е составен дел со болницата од секогаш, од таму со одговор дека бункерот е составен дел од Договорот со Банката за развој на Советот на ЕУ(ЦЕБ) и истиот е финансиран од парите од кредитна линија на Банката за развој на Советот на Европа.

„Клиничката болница Штип и бункерот претставуваат физичка и функционална целина. Нема да има нов кредит независен од утврдениот со Договорот во 2015 година. За Ваша информација, изградбата на бункерот е веќе започната и истата била во застој, со што се пробиени роковите  утврдени во Договорот. Поради тоа вложуваме максимални напори за надминување на овој проблем опишан и во одговорот на второто прашање“, се вели во одговорот од Проектната единица и Министерството за здравство.

Но, од таму не појаснуваат дека со новиот договор се предвидени нови 700 000 евра, дополнителен трошок од заемот. Претходниот договор за бункерот беше тежок 860 000 евра. Според двете фирми кои го граделе бункерот, објектот е завршен околу 65 проценти, а за останатите 35 проценти се одобрени 700 000 евра, средства колку што речиси чини изградба на уште еден бункер. Тоа се пари кои ќе ги исплаќаат граѓните на оваа држава во наредните 20 години.

Јован Грповски, организациски раководител на Проектната единица на Банката за развој на Совет на Европа и советник екс министерот на Тодоров

Од Проектната единица тврдат дека потребата од варијација се однесува на средства кои веќе се алоцирани во Договорот со ЦЕБ како средства од резерва и истите со варијацијата се насочуваат на изградба на бункерот.

„ Потенцираме дека на варијацијата и претходеше постапка на проценки од страна на  ЦЕБ, увид на лице место, увид на целокупната документација, утврдување на факти и фактичка состојба и давање на согласност (No objection) за изготвување на финален документ – варијација, кој е доставен на увид во ЦЕБ“, се вели во одговорот од Проектната единица.

Како што објави НОВА, министерот Филипче потпишал договор од 700 000 евра  без да распише тендер, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип. Бункерот чии темели беа ставени уште пред четири години  не бил составен дел од Клиничката болница и неговата изградба не е предвидена во основниот договор за изградба на болницата чија изградба чини цели 34 милиони евра, пари од кредитната линија од Банката на советот на Европа(ЦЕБ).

За тоа што четири години не успеале да изградат еден бункер(изолирана просторија од зрачење каде што треба да биде сметен анкелераторот) во Проектната единица вината ја фрлаат врз фирмите на кои им ја активирале банкарската гаранција и ги прекинале договорите со нив. Но, од двете фирми тврдат дека таму владее хаос и дека во Проектната единица се уште уздите ги држи целата екипа на екс министерот Тодоров кои не работат со проектна документација поради што не можеле да се изведуваат работите со изградбата на објектот.

Продолжува: Фирмите  тврдат дека бункерот бил граден без техничка документација

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.