Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Вакцинацијата е единствениот начин за промена на сликата за пандемијата

0
By Ivana on August 26, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Вакцинацијата е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче при посетата на пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски кој од рано утрото започна со работа
– Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство.
Потенцира дека лицата кои имаат медицински оправдани причини ќе добијат потврди дека не можат да бидат вакцинирани, и оти тоа е обично во сферата на автоимуните болести. Немаат бројка за колкав број лица станува збор, но, нагласи дека е сигурен оти не е нешто што може сериозно да влијае на колективниот имунитет.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

– Еден дел од тимот лекари и медицински сестри и волонтери од Црвениот крст од повеќе пунктови во здравствените домови во Скопје од денеска функцинираат и работат тука со цел да се зголеми пристапот до вакцините имајќи го предвид големиот интерес што го има кај граѓаните по воведувањето на новите мерки и препораки, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

На територијата на целата држава, нагласи, вакцинацијата добро се спроведува одличен е просекот на граѓани кои се јавуваат секој ден некаде над десеттина илјади и со тоа вкупниот број граѓани кои се сега вакцинирани со најмалку една доза се близу 700 илјади, од кои 510 илјади се ревакцинираи.

– Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.

Тој смета дека можеби вакцината против коронавирусот ќе стане и сезонска и оти ќе биде потребна и трета доза за што, според него, зборуваат и голем број студии. Кај нас се разгледуваат студиите и искуствата, нагласи, но веројатно е дека практично целиот свет ќе оди во таа насока. Сега се разгледува по кој период од ревакцината треба да се прими третата доза и дали треба да биде од ист или различен производител.

Според него, кампањата „Вакцинирај сѐ“ ќе биде клучна за зголемување на свеста кај граѓаните од потребата од имунизација.

– Кампањата значи видео спотови, вклучување на видни и јавни личности од светот на културата, светот, сите кои мислиме дека имаат влијание на различни групи во општеството за да се зголеми свеста за важноста на вакцината. Ова ќе биде долготраен процес. Се зборува за трета доза вакцина, можеби ќе стане сезонска иако е рано да се каже. Потребна е честа комуникација со граѓаните за пораката која се кажува секојдневно. Ова нема да престане додека не се вакцинираме сите, рече Филипче.

Вели дека тоа што се инвестира во кампањи воопшто не значи дека се скратени средствата на некое друго место, туку дека се внимава буквално на сите сегменти кога е во прашање вакцинацијата.

– И во претходните месеци имаше активни кампањи, со тоа што тоа не беа кампањи на Владата, меѓутоа плански беше тоа направено. Најпрво започна кампањата на УНИЦЕФ, па на Делегацијата на ЕУ. Сега како следен чекор, нашата кампања на Владата. И медиумите се еден од нашите најгоеми партнери во борбата со пандемијата. Оваа криза меѓу другото, добро се менаџира и со навременото споделување на точни информации до граѓаните. Водиме сметка за сите сегменти. Нигде не е скратено, посочи министерот.
Тој рече дека се разгледуваат и некои светски искуства за тоа што се прави во училиштата во однос на брзи тестови кај децата.
– Сето тоа се разгледува од страна на експертите. Засега не се препорачуваат никакви дополнителни мерки, но може да донесеме и други препораки согласно тоа како се одвива сликата со пандемијата, нагласи тој во денешната изјава за медиумите.
Филипче објасни дека актуелната кампања ќе се води преку видеоспотови во кои ќе бидат вклучени јавни личности од светот на спортот, културата и други области. Според него, тоа се видни лица кои може да имаат влијание врз различни возрасни групи во општеството.
Повика на масовна вакцинација, особено за децата кои ќе почнат да одат во училиште и во градинка, битно е нивните родители да се вакцинираат за да се обезбедат семејствата.
вакцинација Пандемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.