Министерот за здравство Венко Филипче, од пред скопската болница „8 Септември“ го соопшти билансот на загинати и повредени од превртениот автобус на патот Скопје-Тетово.
Во скопската болница „8 Септември“ се примени 25 пациенти, 22 од нив се хоспитализирани, а тројца се полесно повредени и ќе бидат пуштени.
Четворица пациенти се во интензивна нега, а двајца се подготвуваат да бидат оперирани.
Во Клиничкиот центар се примени вкупно 5 пациенти, од кои тројца лесно повредени, една од тие е бремена, но полесно повредена и би требало да биде пуштена на домашно лекување.
Еден од примените на Ургентниот центар ќе биде опериран, а еден се бори за живот, додека една пациентка е пренесена во Градска болница.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот на повредените.
Седум од патниците починале на лице место, а 6 во болниците.
Во моментов 5 патници се борат за живот.
Меѓу повредените и загинатите нема малолетни деца.
Во акцијата за спасување на патниците од автобусот, освен капацитетите на државните болници, биле вклучени и болничките возила на Неуромедика и Систина.
Одговарајќи на новинарско прашање дали возачот имал инфаркт, што се шпекулираше дека било причина за несреќата, Филипче рече дека полицијата веќе разговарала со возачот на автобусот и тие треба да кажат повеќе информации. Пред болницата „8 Септември“, беа собрани десетици роднини и пријатели на повредените патници и чекаа вести за најблиските.
Јавен обвинител се уште врши увид на местото на несреќата.





