Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Во февруари ќе пристигнат вакцините

0
By Нова ТВ on January 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека системот е подготвен за вакцинација и дека вакцини против Ковид 19 ќе пристигант во февруари.

„Со Фајзер разговарав во текот на вчерашниот ден во однос за документацијата која што им беше потребна, луѓето од Регионалната канцеларија во Белград потврдија дека во текот на наредната недела ќе го добиеме договорот. Во февруари вакцините ќе пристигнат и ние ќе го започнеме процесот на имунизација“ рече Филипче

Тој потенцира дека приоритет ќе имаат здравстените работници.

„Како приоритет здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука во клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови, таму каде што се аплицираат вакцините. Во однос на останатите граѓани, согласно возраста и хроничните болести, веќе е направе списокот со име и презиме на 14.000 луѓе, кои што ќе бидат повикувани само преку матичните лекари, а преку системот ’Мој термин’“, информира министерот за здравство Венко филипче.

Министерот Филипче информира дека и оние кои се регистрирани во системот дека го прележале коронавирус ќе бидат вакцинирани, но ќе почекаат да бидат прво вакцинирани оние кои не го прележале вирусот. Во моментов тие се изземени од списоците за вакцинација.

„Еве која е последната препорака, да дури и луѓе кои биле заболени после месец дена се вакцинираат, без разлика дали имаат или немаат антитела. Во таа смисла единствена контраиндикација за вакцинациија е да имаат некаков симптом на болеста. Само во тоа сценарио граѓанинот нема да се вакцинира“, вели Филипче.

Филипче денеска рече дека можно е новиот сој на коронавирусот да постоел во земјава уште пред неколку недели, а засега имаме три официјално потврдени случаи.

-Откако ќе се земе брис, само во некои случаи се прави секвенционирање на геномот навирусот, можно е да сме го имале новиот виррус и минатиот месец, но тогаш епидемиолошката слика беше таква што во некои случаи се намалуваше. Можно е евентуално оваа мутација да е присутна во последните повеќе неколку недели кога после падот има едно ниво на израмнување на кривата, но во секој случај она што е многу битно дека нема влошување, во смисла на зголемување на случаите. Се уште не е искулчена можноста, можно е и тоа да се случи и сме внимателни и затоа и мерките засега остануваат исти“ рече Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.