Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Во Прилеп нема потреба од нови мерки, ќе помагаат матичните лекари

0
By Нова ТВ on November 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот. Посетата следи по интензивните разговор кои министерот изминативе денови ги водеше со директорите на здравствените институции во Прилеп, како и првиот човек на општината.

Прилеп е во третина од градовите во нашата држава во кои сè уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи поседните две недели, во однос на оние претходни две. Но, и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и прием во болницата.

-Вчера информиравме детално за епидемиолошката состојба во земјата. На национално ниво достигнато е едно „плато“ изминативе три недели, односно еднаков е бројот на новодијагностицирани случаи во болниците, посебно во Скопје, а тоа го констатиравме и денеска за болницата во Прилеп. Тоа значи дека има благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и за прием. Мора да потенцирам дека со оглед на тоа што огромен број од прогнозите, не се остварија и тоа не само кај нас туку насекаде во светот, а тоа е поради непредвидливоста на вирусот, мора да бидеме претпазливи. Не сакаме да даваме никакви предвидувања во смисла дека се ова трендови, сè уште чекаме да видиме каква ќе биде ситуацијата во следните денови. Но притисокот кој беше во првите денови од ноември, сега е намален – изјави Филипче.

Во Прилеп нема потреба да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, посочи Филипче, бидејќи вака како што се димензионирани мерките даваат резултат. Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата за Прилеп, но и за сите останати градови низ дражавата и заклучокот е дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки.

-Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила. Во сите земји во Европа ваква комбинација на мерки даде резултат, а тоа е задолжителното носење на маски, забраната за групирање, елеминирањето на можноста да се групираат во угостителски објекти подолг временски период – рече Филипче.

Министерот рече дека болницата во Прилеп е организирана, пациентите се сместени на пет одделенија мобилизирани се сите лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал. Тој ја поздрави иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата како би го покриле отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни и мора да бидат во излоација.

-Очигледно е дека матичните лекари се свесни за оваа ситуација и сакаат да дадат свој придонес да се намали притисокот кон здравствените работници кои што во овој момент работат навистина со намалена бројност заради нивните колеги кои што се заболени – рече Филипче.

Министерот најави дека наскоро во Прилеп ќе започне тестирање со брзи тестови на пациенти како би се одредила патеката за нивно хоспитализирање, терк кој што веќе се применува во други болници низ државата.

– За време на денешната посета на општина Прилеп од страна на министерот за здравство Венко Филипче, констатиравме дека направената епидемиолошка анкета покажа дека актуелните мерки за справување со пандемијата на Ковид-19 се доволни и потребно е само да се почитуваат.
Ние, како Општински кризен штаб, продолжуваме со спроведување на нашите мерки. Со задоволство можам да кажам дека наидовме на подадена рака од страна на здружението на матични лекари од нашиот град, чии тимови од утре ќе започнат со волонтерска работа во Инфективното одделение во болницата „Борка Талески“.
Сакам да упатам благодарност до волонтерите од спасителната служба „Златоврв“, чија работа на терен во изминативе два дена веќе дава резултати. Нивниот ангажман придонесе за ставање на ред пред банките, маркетите, пазарот и на сите јавни места каде имаше групирање на граѓани.
Во овој момент Општата болница располага со доволен број кревети за хоспитализирање на пациенти заразени со корона вирус, а согласно проценките и епидемиолошките анкети, очекуваме дека од ден на ден ќе се намалува бројот на заболени – рече градоначланикот на Прилеп Илија Јованоски.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.