Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче во земјата на демократските чуда

0
By Биљана Секуловска on June 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 29, 2019 10:10

Ова е земја со која посебно се гордееме. Се додека тука живее омразата, бесот и јадот, ние можеме да се запишеме во живите, во овдешните, во нашите.

Парада на гордоста? Дајте ни ги сите ликови денес кои ќе маршираат на нашиот изгравиран послужавник- со нивните имиња, сериски броеви, полот и родот со кој се потсмеваат, бесрамните, бестијалните изроди.

Ова е земја од која пештерата не смее никогаш да излезе, земја во која низ вековите никогаш не продреле соништата кои во Европа одамна се живеат, оние на Мил, на Бурк, на Волтер.

Нека се врати 15.век, оваа точка ставена за да го означи векот нека запре тука, да не прогледаме и не чуеме за Лина Ќостарова, Уранија Пировска, Ирена Цветковиќ, Славчо Димитров, Кочо Андоновски, луѓето кои ја создаваат новата слобода во оваа земја, кои ја запишуваат историјата.

Во еден миг, министерот за здравство требаше да ги прескокне вековите, да се стопи во масата која крволочно ги раскина слободоумните, новиот, храбар свет. Венко Филипче најавувајќи државна поддршка-во финансиска смисла- на Закон за менување пол, после неколку часа беше растргнат од реакциите на социјалните мрежи, со потполно право, по сопствена вина.

Но, тој не дозна до крај дека всушност сме распарчени сите ние, жртвувајќи не нас, тој помисли, ех, колку наивно, дека се спасил овој миг само тој.

Неговата политичка волја, добра волја секако, да воведе историја, помагајќи им на отфрлените, несреќните, заборавените, сепак беше несмасно реализирана- требаше да помисли дека водењето на политика не значи наметнување закони на посилниот, на оној кој ја поседува власта. Првите лекции за политика за еден демократски политичар подразбираат свест за сопствената улога и обврските, што е всушност привилегија (и таа, какво чудо, не е финансиска)- треба да се иницира јавна дебата, спротивставени мислења, аргументи за и против, тензии кои резултираат со помирување, безмилосни сведоштва, елементарна формална и неформална едукација, мобилизирање на медиумите, невладините, граѓаните, интелигенцијата, политичките и интелектуални елити, граѓаните, повторно, граѓаните на прво место. Само така единствената привилегија која може да ја има еден политичар, е да се биде лидер.

Филипче освен што заборавил да ја информира јавноста, превиде дека во јавната сфера господари се единствено граѓаните, во нивна служба е тој, еднакво како што во новинарската професија приматот го има само јавниот интерес, како високо добро.

Тој го заборави времето, го прескокна, мора некој да го потсетил сиве овие години, дека времето секогаш мора да поминува, дека демократијата, правата, слободите- не се прашање на нежни илузии, фантазии на полузатворени, копнежливи очи.

Времето е показател на борбата која секогаш трае, многу време е потребно да се поминат вековите на просветителството, борбите за слобода, права, еднаквост, солидарност, време за да се сфати сржта на таа борба преку најзначајните мислители и нивните дела, време за овие текстови кои никогаш нема да ги прочита, затоа што тоа време никогаш и не е доволно, никогаш доволно добро за губење на тоа време на еден млад, амбициозен, надежен функционер.

Тој се од ова прескокна, којзнае зошто, којзнае како,  ги заборави луѓето за кои предмалку ви говорев, Ќостарова, Пировска, Цветковиќ, Андоновски, Димитров- нека го создаде тој својот редослед, нека се потпре врз него, нека започне по кој сака, нека стори нешто, добога, нека започне од утре, онака како што вчера тоа го стори Мила Царовска, одамна, со години наназад како што таа се бореше.

Ви велам, нека заврши овој ден, Парадата на гордоста, за да започнеме нови, безгрижни денови на нашиот стар фашизам. Во него сме најсигурни, безбедни, но за тие води ние сме виновни, а не оние кои ни посакуваат бесилка, за што Ќостарова најмногу има право- бесилката сами ја создадовме, откако не увидовме дека сме ја исткале и сме ги пружиле рацете да ни ја замотаат, затоа што сме заборавиле да ги вклучиме сите оние кои сега се исплашени, гневни, запалени од омраза. Тоа е најмалку што можеме да го направиме сите заедно.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.