Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: За Велигден целосен карантин – се поблиску сме до целта за враќање во нормала

0
By Менче Атанасова Точи on April 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мајка и четиримесечно бебе од Кочани се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести позитивни на коронавирус. Со потешка клиничка слика на Инфективна клиника се 20 пациенти, а седум се во критична состојба. Во затворот во Шутка почина притвореник со КОВИД -19

Четиримесечното бебе од Кочани кое е хоспилализарано со мајката нема потреба од кислородна поддршка, вклучен е педијатар се следи неговата здравствена состојба,  информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Бебето е со лесна форма на анемија, во добра здравствена состојба без потреба за респираторна поддршка. Се следи од педијатар особено во делот на имунолошкиот статус за текот на примање на вакцините понатаму, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информира дека наИнфективната клиника се примени пет нови пациенти  во изминатите 24 часа, со што вкупниот број  е 68 хоспитализирани. Со потешка клиничка слика се 20 пациенти, а седум се во критична состојба.

Во болницата „8 Септември“ има 25 пациенти, пет од нив се во тешка состојба и приклучени на вештачка вентилација. Во болницата во Битола има четири пациенти, тројца се во стабилна состојба, а на еден му е потребна кислородна поддршка. Во Штип, пак, сите четири пациенти се во стабилна здравствена состојба.

Вчера во затворот во Шутка почина притвореник за кој министерот Филипче информира дека починал од срцев удар, немал симптоми и немал висока температура, меѓутоа после обдукацијата земен е брис и утврдено е дека тој е позитивен на коронавирус.

„Во затворот е примен на 8 март, немал никакви симптоми, ниту висока темтература. Се прави епидемилошка анкета и се изолираат луѓето кои биле во контакт со него“, изјави Филипче.

Во домот за стари лица Сју Рајдер во Битола, на 18 март е примено едно лице позитивно на коронавирус. Таму ДСЗИ превзема мерки за ставање под контрола и дезинфекција на објектот.

„Поради висока температра и симптоми на коронавирус направен е тест кој е  позитивен. Земени се брисеви на сите лица во собите како и на дел од персоналот, а дадени се препораки и за темелно чистење на просториите. ДСЗИ понатаму постапува за овој случај и целиот тек на давање на услугите таму“, изјави Филипче.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571  тестирања на Ковид-19.

Министерот информира дека според проценките 1/5 од заболените со КОВИД-19 се асимптоматски и тешко е да се утврди изворот на заразата и заради тоа е примената на социјална дистанца. Тој нагласи дека сега сме во фаза на рестриктивни мерки на движење и постепено се подготвуваме после периодот на пикот на болеста, да се вратиме во нормален тек на животот.

„Тоа нема да биде истиот тек на живот, секогаш постои можност да се појави нов пик. Планираме да се состанеме со Стопанските комори и да се договориме како ќе започнат да функционира и стопанството, да се направи тоа внимателно за после да не се соочуваме со нов пораст на заболени. Ние сме се поблиску до целта, ова е сериозен влог во здравјето, здравствените работници во ниту еден момент не отстапија. Ова е тежок период, убавото време тешко се издржува внатре, но со секој ден стануваме се посилни и постепено нашиот живот ќе се врати во нормала“, рече Филипче.

Министерот Филипче најави дека за велигденските празници движењето ќе биде ограничено исто како за викенди, односно граѓаните ќе бидат во целосен карантин. Тој нагласи дека за луѓето кои имаат потреба од лекарска помош, болните со карциноми кои примаат хемотерапија, за нив нема рестрикции во движењето. И понатамус е продолжува со иста стратегија, ќе им се пристапи на сите случаи кои имаат потреба од тестирање, но масовно тестирање на населението нема да има.

На прашање на НОВА, дали понатаму остануваат на ставот дека 14 дена во самоизолација се доволни,а при тоа нема задолжително тестирање бидејќи има непотврдени случаи каде што се покажале позитивни на тестови направени во приватни лаборатории, Филипче со одговор:

„Тоа е мислење на Комисијата за заразни болести, кај асимптоматски носители на вирусот не можеме да знаеме што се случува, овие мерки досега се покажаа како добри“, рече Филипче.

Во Министертвото за здравство денеска се отворени понудите за набавка на респираторни машини, а во тек е постапка за набавка на 3000 реагенси и друг неопходен медицински материјал. Филипче нагласи дека е објавена сметката за донации на веб страната на Министертвото за здравство каде досега се собрани 60 милиони денари, за што тој им се заблагодари на донаторите. Сите средства ќе бидат искористени за купување на медицински материјали и апарати кои се потребни за справување со вирусот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.