Во понеделник започнува да се изготвува протокол по кој крвна плазма од излекувани пациенти ќе им се дава на пациентите заболени со КОВИД-19. Овој метод се покажал како успешен во неколку светски научни студии и разбудија интерес и во нашата држава. Министерот Филипче најави дека на Институтот за трансфузиологија подготвуваат протоколи како крвната плазма од излекуваните, засега мал број на излекувани пациенти, да им се дава на заболените со КОВИД-19
„Да, плазма од излекувани пациенти може да се дава и ние започнавме подготовки на Институтот за трансфузиологија. Во понеделник ќе биде подготвен протоколот по кој што би требало да се земе плазмата кај овие пациенти во соодветна фаза и одреден период. Во понеделник ќе се дискутира на стручниот колегиум во Трансфузиологија, а потоа и со експертската група во Комисијата за заразни болести и согласно тоа ќе се даде на наши пациенти. На Институтот за трансфузиологија одговорија дека може да се подготви системот за да се оддели плазмата на овој начин,“ изјави Филипче.




