Најмалку 26 лица се загинати, а над 200 исчезнати откако на Филипините траект се судри со теретен брод, јавува BBC.
Судирот се случи доцна синоќа близу градот Цебу на околу два километри од брегот. На траектот имало 752 патници и 118 членови на екипажот. Траектот запровил во пристаништето Цеби кога дошло до сударот со теретниот брод кој се движел во спротивен правец.
Очевидците тврдат дека стотина патници скокнале во окоанот кога водата поцнала да навлегува во траектот кој потонал после 30 минути. Многу од патниците за време на сударот спиеле.