Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмаџиите до Министерството за култура: Ќе ги повлечеме филмовите доколку биде скратен предвидениот годишен буџет за филм

0
By Ана Василевска on September 18, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Director Chair, Movie Clapper and Megaphone on a wooden floor. 3d Rendering
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж – најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.“, стои во писмото на филмаџиите потпишано од педесетина реномирани режисери и продуценти.

„Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.“

„Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво.„

Педесетина реномирани режисери и продуценти загрижени за иднината на домашната кинематографија, а револтирани од гласините дека Министерството за култура доставило предлог до Владата на Република Северна Македонија за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм, денеска одржале спонтан состанок од кој произлегува отворено писмо до јавноста. Во писмото тие потенцираат дека со ваква одлука „се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти“.

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Република Северна Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата  од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори.

Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието на РСМ, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. 

На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти.

Блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж – најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.

Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.

Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво.

Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Северна Македонија. 

Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура.“

Со почит,

  1. Тамара Котевска – режисер
  2. Теона Митевска – режисер
  3. Ѓорче Ставрески – режисер
  4. Даријан Пејовски – режисер
  5. Вардан Тозија – режисер
  6. Дина Дума – режисер
  7. Марија Апчевска – режисер
  8. Игор Иванов – режисер
  9. Георги Унковски  – режисер
  10. Андреј Волкашин – режисер
  11. Срѓан Јанакиевиќ – режисер
  12. Игор Алексов – режисер
  13. Елеонора Венинова – режисер
  14. Николче Поповски – режисер
  15. Трифун Ситниковски – режисер
  16. Лидија Мојсовска – режисер
  17. Марко Ѓоковик – режисер
  18. Васил Христов – режисер
  19. Кристијан Ристевски – режисер и продуцент
  20. Кастриот Абдили – режисер и продуцент
  21. Батухан Ибрахим, режисер
  22. Маријан Гавриловски – режисер
  23. Ромир Јакупи – режисер
  24. Ибрахим Деари – режисер
  25. Мирсад Абази – режисер и актер
  26. Авдиљ Тачи – режисер и монтажер
  27. Фисник Исмаили – режисер и снимател
  28. Андреј Георгиев – режисер
  29. Гоце Трајковски – режисер
  30. Лабина Митевска – продуцент
  31. Марија Димитрова – продуцент
  32. Томи Салковски – продуцент
  33. Роберт Насков – продуцент
  34. Владимир Анастасов – продуцент
  35. Ангела Несторовска – продуцент
  36. Дејан Илиев – продуцент
  37. Иван Унковски – продуцент
  38. Ивана Шекутковска – продуцент
  39. Елена Станишева  – продуцент
  40. Јорданчо Петковски  – продуцент
  41. Сашо Пешев – продуцент
  42. Илија Циривири – продуцент
  43. Сара Ферро – продуцент
  44. Владимир Стојчевски – продуцент
  45. Дарко Попов – продуцент
  46. Огнен Антов – продуцент
  47. Гоце Кралевски – продуцент
  48. Атанас Георгиев  – продуцент и режисер
  49. Роберт Јазаџиски  – продуцент
  50. Дејан Крајчевски – продуцент
  51. Бунјамин Куртиши – продуцент
  52. Душан Ефремов – продуцент
  53. Сашо Павловски – продуцент и режисер

Агенција за филм на РСМ ВЛАДА НА РСМ македонски филм министерство за култура Минустерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.