Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансии го откажа денешното задолжување, за Наумов тоа е манипулација

0
By Нова ТВ on September 13, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии соопшти дека нема да се одржи аукцијата на државни записи, предвидена за денеска, согласно календарот објавен на веб-страната на институцијата.

Од Министерството велат дека аукцијата е откажана за „сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула, со што ќе се остават повеќе ликвидни средства во стопанството за кредитирање на бизнисот“.

Ова е седма аукција која Министерството ја имаше предвидено, а не ја одржа. Во септември доспеваат за враќање осум аукции, а согласно календарот предвидени се две нови аукции.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов смета дека овој чекор е „срамен и неуспешен обид да се прикаже наводна грижа за стопанството“.

– Вистината е дека денешната аукција на државни хартии не е откажана, туку во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори.

Во месец септември по основ на домашно задолжување долгови за враќање доспеваат на 07-ми, 21-ви и 29-ти, а предвидени се уште аукции за задолжување  на 20-ти и на 27-ми септември . Долгот што доспеваше на 7-ми во месецот се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра. Повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула. Согласно официјалните податоци домашното задолжување заклучно со месец август изнесува повеќе од 79 милијарди денари.

Прашање е зошто, после незаконската еврообврзница од 450 милиони евра и зголемувањето на јавниот долг од нови 5 милиони евра со последната аукција од пред само седум дена, од министерството за финансии сметаат дека е успех да не се одржи аукција во период во кој не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори.

Вистински потег и грижа за стопанството и економијата е да не се одржат  аукциите предвидени во календарот заклучно со 31 октомври 2016 година. На тој начин долгот кон домашните кредитори ќе се намали за 114 милиони евра, средства што вистински ќе можат да се искористат за придвижување на македонската економија и подобрување на нејзината ликвидност, се вели во соопштението од Кабинетот на Наумов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.