НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За проневера од 2,4 милиони денари во ФФМ: Кривични за Илчо Ѓорѓиоски и уште 10 лица

0
By Нова ТВ on July 28, 2020 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави по повеќе основи против 11 физички лица и против 14 правни лица, кои во периодот од 1 јануари во 2015 година до 10 октомври во 2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 милиони денари, износ за кој ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На списокот на физички лица за кои се адресирани кривичните пријави се наоѓа и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Ѓ. во својство на претседател, О.М. во својство на раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. во својство на раководител на Оддел за судии и судење, сите од Фудбалската федерација на Македонија, како и Ѓ.Ч. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје“, Н.Л. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Сеф Компани ДОО Скопје“, С.Т. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Усјепор ДООЕЛ Скопје“, К.А. во својство на овластено лице во правниот субјект „Км Емона ДООЕЛ Скопје“, Е.Н. во својство на градежен инжинер во правното лице „Балкан-Консалтинг ДОО Скопје“, И.Т. во својство на сопственик и управител на правните субјекти „Биро Копирс Ирина ДООЕЛ Скопје“ и „Принт Примус ДООЕЛ Скопје“, И.Т. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „ТП Оли-Вети Копирс Скопје“, И.П. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје“, Ј.Д. во својство на сопственик правниот субјект „Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје“, И.Ш. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Борографика ДООЕЛ Скопје“, С.С. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Елит Травел ДООЕЛ Скопје“ како и против горенаведените правни субјекти кои се стекнале со противправна имотна корист“, се вели во соопштението на Финансиската полиција.

Сите физички и правни лица се под основано сомнение по неколку основи – за сторено кривично дело злосторничко здружување по член 394, став 1, за перење пари и други приноси од казниво дело по член 273, став 1, за злоупотреба на службена положба и овластување по член 353, став 2, за несовесно работење во службата по член 353-в, став 2, за проневера во службата по член 354, став 3, за измама во службата по член 355, став 1, за фалсификување или уништување на деловни клиги по член 280, став 1, за соизвршителство по член 22, за помагање по член 24 и за продолжено кривично дело по член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Пријавената О.М., заедно со пријавениот Ѓ.Ч., во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје“, во периодот од 01 јануари во 2016 година до 10 октомври во 2019 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и нивните правни субјекти, формирале злосторничко здружение во кое ги организирале, координирале и насочувале пријавените:

– Н.Л. во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „Сеф Компани ДОО Скопје“,

– С.Т. во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „Усјепор ДООЕЛ Скопје“,

– К.А. во својство на овластен потписник во пријавениот правен субјект „Км Емона ДООЕЛ Скопје“,

да изготват и достават енормен број на фиктивни фактури за „наводно“’ извршена продажба на стоки и услуги на ФФМ, по што пријавената О.М. организирала и извршила плаќање на наведените фактури од банкарските сметки на ФФМ, и спротивно на закон наплатиле и присвоиле парични средства во вкупен износ од 69.375.926 милиони денари.

Со горенаведените инкриминирани дејствија, пријавените правни субјекти се стекнале со противправна имотна корист и тоа :

  • „Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје“ во вкупен износ од 45.055.099 милиони денари
  • „Сеф Компани ДОО Скопје“ во вкупен износ од 6.328.372 милиони денари
  • „Усјепор ДООЕЛ Скопје“ во вкупен износ од 8.207.731 милиони денари
  • „Км Емона Компани ДООЕЛ Скопје“ во вкупен износ од 9.784.815 милиони денари

со што пријавените го сториле кривичното дело Злосторничко здружување предвидено и казниво по член 394 од Кривичниот Законик на РСМ и останатите кривични дела кои им се ставаат на товар.

Пријавената О.М., во својство на Раководител на Одделение за финансии и сметководство во Фудбалска федерација на Македонија, со пречекорување на овластувањата на својата службена положба и во соизвршителство со сопствениците и управителите на пријавените правни субјекти:

  • „Биро Копирс Ирина ДООЕЛ Скопје“
  • „Принт Примус ДООЕЛ Скопје“
  • „Оли Вети Копирс ДООЕЛ Скопје“
  • „Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје“
  • „Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје“

свесно и со однапред утврдена намера, во периодот од 01 јануари во 2015 година до 10 октомври во 2019 година врз основа на голем број на фиктивни фактури за „наводно“ извршена продажба на стоки и услуги издадени од претходно наведените правни субјекти, пријавената О.М. незаконски организирала и овозможила наплата на парични средства од ФФМ во вкупен износ од 31.017.640 милиони денари, за кој износ е оштетен ФФМ.

„Примените паричните средства во пријавените правни субјекти „Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје“, „Биро Копирс ДООЕЛ Скопје“, „Принт Примус ДООЕЛ Скопје“, „Оли Вети Копирс ДООЕЛ Скопје“ и „Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје“, во најголем дел биле подигнати во готово, „наводно“ за материјални трошоци од страна на пријавените физички лица И.Т, И.Т., И.П. и Ј.Д., а кои ги предале на пријавената О.М., која со цел да го прикрие потеклото на паричните средства, истите ги уплаќала во готово на своите лични банкарски сметки и ги користела за плаќања за лични потреби, со кои дејствија пријавените го сториле кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело предвидено и казниво по член 273 од Кривичниот Законик на РСМ и останатите кривични дела кои им се ставаат на товар“, се вели во обемното соопштение на Финансиската полиција.

Пријавената О.М., во својство на раководител на Одделението за финансии и сметководство, во периодот од 1 јануари во 2015 година до 10 октомври во 2019 година, во повеќе наврати лично за себе и свои потреби, од правните лица „Тинк Мебел ДОО Скопје“, „КМГ Ливинг ДОО Скопје“, „Сигма ДООЕЛ Прилеп“, „Денебола ДООЕЛ Скопје“, „БС Инфинити ДОО Скопје“ и „Ин Травел ДООЕЛ Скопје“ набавувала мебел и покуќнина, златен и дијамантски накит, брендирани ташни, обувки, друг женски аксесоар, како и користела аранжмани за туристички патувања на луксузни дестинации за неа и нејзини блиски лица, а при тоа барала од претходно наведените правни субјекти за набавените производи и услуги да изготват фактури кон ФФМ, по што пријавената О.М. со пречекорување на овластувањета на својата службена положба го организирала и извршила плаќањето на наведените фактури од банкарските сметки на ФФМ, на кој начин се стекнала со противправна имотна корист за себе и други во вкупен износ од 30.777.389 милиони денари на штета на ФФМ.

Пријавената О.М., во својство на Раководител на Одделението за финансии и сметководство, во периодот од 01 јануари во 2016 година до 10 октомври во 2019 година ја злоупотребила службената кредитна картичка во сопственост на ФФМ, доверена на чување, на начин што при приватни патувања надвор од државата, за свои лични потреби, храна, облека и друго, потрошила и присвоила парични средства во вкупен износ од 3.017.928 милиони денари, износ за кој ја оштетила ФФМ.

Пријавениот Т. М., во својство на раководител на Одделот за судии и судење при ФФМ, потпомогнат од С.С. и во соизвршителство со И.Ш., свесно и со однапред утврдена намера организирал да се изготват и достават фактури со невистинита содржина за услуги и за трговска стока која никогаш не била испорачана за потребите на ФФМ од пријавените правни лица „Елит Травел ДООЕЛ Скопје“ и „Борографика ДООЕЛ Скопје“. За фиктивните фактури, пријавената О.М., со пречекорување на овластувањата на својата службена положба, извршила неоснована исплата од банкарските сметки на ФФМ на парични средства во вкупен износ од 12.581.289 милиони денари на штета на ФФМ.

Незаконски добиените парични средства од управителите на горенаведените правни субјекти во најголем дел се подигнувале во готово и се предавале на пријавените Т.М. и О.М. со кои дејствија пријавените го сториле кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело предвидено и казниво по член 273 од Кривичниот Законик на РСМ и останатите кривични дела кои им се ставаат на товар.

„Пријавената О.М, во својство на раководител на Одделение за финансии и сметководство во ФФМ, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на претседателот на ФФМ му доставувала на потпис нецелосно пополнети налози за исплата на парични средства „ПП 30“ и врз основа на така пополнети одобрени и потпишани налози, додавала броеви за да се зголемат износите за исплата, додавала назив на фирмата примач и ги реализирала налозите за плаќања од банкарските сметки на ФФМ на банкарските сметки на „Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје“, „Сеф Компани ДОО Скопје“, „Усјепор ДООЕЛ Скопје“, „Км Емона ДООЕЛ Скопје“, „Биро Копирс Ирина ДООЕЛ Скопје“, „Принт Примус ДООЕЛ Скопје“, „Оли-Вети Копирс Скопје“, „Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје“, „Елит Травел ДООЕЛ Скопје“, „Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје“, „Борографика ДООЕЛ“, „Сигма ДООЕЛ Прилеп“, „Денебола ДООЕЛ Скопје“, „БС Инфинити ДОО Скопје“, „Тинк Мебел ДОО Скопје“, „КМГ Ливинг ДОО Скопје“ и „Ин Травел ДООЕЛ Скопје“, а со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела, како и да ги прикрие трагите од неоснованите исплати кон претходно наведените правни субјекти и постоењето на нереалниот должничко-доверителски однос помеѓу ФФМ и сите претходно наведени правни субјекти, пријавената О.М. спротивно на законските прописи извршила манипулација со податоците во сметководствената евиденција и документација на Фудбалска федерација на Македонија“, откриваат од Финансиската полиција.

Пријавениот Е.Н, во својство на градежен инжинер-надзор од правното лице „Балкан-Консалтинг ДОО Скопје“, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што во текот на 2018 година во вкупно четири наврати со свој потпис и печат заверил четири времени ситуации за наводно извршени градежни работи од страна на „Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје“ во вкупен износ од 29.974.109 милиони денари, кои градежни работи реално никогаш ниту биле нарачани ниту извршени за потребите на ФФМ.

Пријавениот И.Ѓ, во својство на претседател на ФФМ, постапил несовесно во вршењето на службата, со пропуштање на должен надзор и внимание во вршење на своите овластувања и должности со што и овозможил на пријавената О.М. неосновано и спротивно на законот на штета на ФФМ да изврши исплата на парични средства од банкарските сметки на ФФМ на банкарските сметки на пријавените правни лица, со кои дејствија пријавениот И.Ѓ. го сторил кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353-в од КЗ на РСМ.

Со сите наведени инкриминирани дејствија, пријавените физички и правни лица, во периодот од 01 јануари во 2015 година до 10 октомври во 2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денари, износ за кој ја оштетиле ФФМ.

истрага кривични пријави Правни лица физички лица финансиска полиција ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.