Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирма формирана во април единствена на тендерот тежок 35 милиони евра

8
By Менче Атанасова Точи on July 20, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 20, 2018 16:49

Само една фирма се јавила на големиот тендер  за реагенси  чии понуди беа отворени пред неколку дена во Министерството за здравство.  Станува збор за фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, (друштво со ограничена одговорност )која е формирана на 18.04.2018 годинава.

Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда во здравството,  велат извори за НОВА кои се директно вклучени во бизнисот со реагенси.

Од документите во Централен регистар се гледа дека фирмата е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра.  Како таква, оваа фирма треба да застапува тендер тежок цели 35 милиони евра, толку колку чини капиталниот објект на новата Клиничка болница во Штип.

Од Тековната состојба во Централен регистар се гледа дека  управител на фирмата е  Александар Јовановски кој има  неограничени овластувања  за внатрешниот и надворешниот промет, а како сопственик на фирмата се јавува извесен Предраг Петрич од Нови Сад.

Во овој документ  за контакт е впишана приватната и-меил адреса на Јовановски, во јавноста познат како Жути.

Нема веб страна, ниту и-меил адреса на фирмата  АХР ЛАБ ДООЕЛ увоз –извоз Скопје, како што може да се види од целиот документ од Централен регистар, во продолжение.

За луѓето кои со години работат во оваа сфера, Петрич е непознат,  додека Јовановски е познат по неговиот татко кој е сопственик на фирма за  набавка на медицински материјали( работел и со фирма од Нови Сад па, се претпоставува дека е од таму врската со Петрич), но и нивните блиски врски со Мијалкови. Извори за НОВА велат дека таткото на Петрич бил вклучен и во бизнисот со кладилници  заедно со поранешниот разузнавач Сашо Мијалков.

Фото: Јовановски, Мијалков и Тозија

За Јовановски се зборува дека е многу близок со Јордан, постариот син на Сашо Мијалков и со Илија Тозија директор на една од фирмите во нафтениот бизнис на Мијалкови, соработник за инвестиции во здравството во време на Тодоров, член на Надзорниот одбор на Државна лотарија и  дел од младите сили на ВМРО ДПМНЕ.

Неофицијално, дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси  се изненадени што на тендерот се појавува нова фирма која досега не работела со оваа проблематика, ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени од тендерот.

Од Министерството за здравство потврдија дека при отворање на понудите е констатирано дека се пријавила само една фирма.

„ Комисијата за јавни набавки врши евалуација на понудата, согласно член 140 став 1 од Законот за јавни набавки, а доколку доставената понуда е валидна се применува член 125-а став 1 од истиот Закон. Во случај кога е поднесена само една понуда која е прифатлива или останала само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Бидејќи во моментов тендерот е во фаза на евалуација не сме во можност да одговориме на Вашето прашање, дали постапката ќе биде успешна или ќе се поништи“, се вели во одговорот од ресорното министертво.

Извори за НОВА кои работат со набавките на реагенси велат дека спецификацијата за тендерот уште на самиот почеток отворила сомнежи, особено што во условите  се наведени карактеристики на само еден производител, компанијата АБОТ. Според тоа како што бил осмислен тендерот, ниту една друга фирма, како што велат нашите извори, не може да одговори на спецификацијата од тендерот, бидејќи е невозможно да ги има сите производи кои се бараат. Тендерите, вообичаено се расцепкани и со можност да се јават повеќе фирми.

Претставник на АБОТ во Македонија е Фармахем, но тие не учествуваат на тендерот. Неофицијално, нашите извори велат дека Фармахем ги дала своите овластувања за регистрација на АБОТ од Германија.

Фирмата АХР ЛАБ ДООЕЛ увоз –извоз Скопје, сега се јавува како подизведувач на АБОТ.

Оваа фирма треба во наредните три години да ги снабдува сите здравствени установи во државата со реагенси.  Она што е индикативно е зошто е сменет член 17 од Договорот со кој доколку не се порачува од фирмата која ќе добие на тендерот, Министерството за здравство треба да плати оштета од 5 милиони евра, нешто што досега не постоело во тендерските услови.

НОВА праша во Министерството за здравство во што се состои заштедата од овој тендер што спектакуларно ја најавуваше министерот Филипче,  ако се знае дека пазарните цени на реагенси се два до три пати поевтини од понудените на тендерот.  Така на пример, пазарните цени на биохемиски реагенси во количини кои се бараат во моментот изнесуваат 368.050.276,00 денари, а понудените  803.665.797,00 денари, имунолошките реагенси чинат 692.667.495,00 денари, а понудените  940.069.902,00 денари.  Моменталните цени на хематолошките  реагенси на светскиот пазар во количини кои се бараат би чинеле 50.774.000,00 денари, а понудените дури 207.769.000,00 денари.

До објавување на текстот не добивме прецизна анализа за заштедата со големиот тендер за реагенси за сите здравствени установи во државата. Одговорот е следниот:

„Во моментов постапката е во фаза на евалуација и не е спроведена електронска аукција. Поради тоа не ја знаеме точната вредност и не можеме да ја процениме заштедата. По техничкиот дијалог, сите економски оператори кои имаа поднесено приговори по истиот добија записник и корегирана тендерска документација со сите извршени корекции и измени“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Останува отворено прашањето како е возможно без детална анализа за заштедата, министерот Филипче пред еден месец да изјави дека со овој тендер заштедата е од 10 до 15 или 20 одсто, односно неколку милиони евра.

Како што веќе објави НОВА, новиот тендер за реагенски внесе страв и предизвика бура од реакции кај лекарите, лаборантите и биохемичарите. Станува збор за голема централизирана набавка на реагенси за наредните три години со кој се централизираат и биохемиските лаборатории со што се сведуваат на само осум во државата, а крвта ќе се транспортира од еден во друг град. Тоа предизвика многу негодувања кај лекарите и другата стручна фела кои сметаат дека постои голем ризик за крвта при транспортот, како и тоа дека е бесмислено да се прави тригодишен тендер, ако се знае дека цените на реагенсите постојано од месец во месец, паѓаат.

Инаку, комисијата составена од четворица лекари и бихемичари кои требало стручно да се изјаснат кои реагенси се потребни, всушност  добиле готов план и стратегија од Министерството за здравство каде што само требало да ги стават своите потписи. Извори од оваа комисија за НОВА потврдија дека ништо во тендерот не било нивна замисла,  туку вака скроениот тендер е исклучиво политичка одлука на Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 29, 2026

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

ВЕСТИ January 29, 2026

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р…

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.