Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирмите под истрага,ортопедските помагала ги издаваат аптекарите

1
By Менче Атанасова Точи on November 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На скопјанецот Саша Радуловиќ од неодамна му е ампутирана ногата. По физикалната терапија му била издадена потврда за да носи протеза, но во Фондот за здравство му кажале дека протезата за ногата може да ја подигне во одредена аптека во Тетово и тоа кога ќе заврши тендерот на 1 ви јануари.

„Нa докумeнтите ми пишува дека протезата мора да ја подигнам до 6 ти декември. Не ми е јасно како ФЗО ме упатува во аптеката „Кемофармација “ во Тетово, чие име се знае однапред(во документот го пишува и името на аптеката) кога се уште не е завршен тендерот. Како може аптека да ги прави овие работи“, вели во писмото до НОВА Радуловиќ.

Тој тврди дека се обратил во специјализираната фирма за ортотика и протетика која ги произведува протезите „Славеј“ каде му било кажано дека мора да го плати целиот износ на протезата бидејќи Фондот го раскинал договорот со нив.

22v3g32v32

Ортопедски помагала како што се инвалидски колички, вештачки колкови и делови за раце и нозе, според одлука на ФЗО, од 31 октомври се набавуваат во аптеките наместо во специјализираните фирми кои ги продаваат или ги произведуваат. Со откриена контрола и вкрстена проверка на податоците, Фондот за здравство утврдил неправилности и прекршувања на правилата и ги раскинал договорите со шест ортопедски фирми. Целокупната документација  ФЗО ја доставил до јавното обвинителство за да отвори истрага за случајот.

„При контролата, беа констатирани одредени неправилности кај шест ортопедски куќи и за истите, по спроведена процедура, а согласно одредбите од договорот со Фондот и облигационите одредби, беа раскинати договорите со цел отстранување и превенирање на неправилности. Податоците од контролата, како и утврдените неправилности во овие постапки, поради одредени сомненија, беа доставени до надлежното јавно обвинителство и други надлежни органи“, се вели во одговорот од ФЗО  до НОВА.

gorniprotezifinal

По ова, Фондот склучил  договор со ланец на аптеки каде што отсега ќе се набавуваат ортопедските помагала и пелените. Не е познато дали Фондот отворил интерна истрага во своите редови, бидејќи тие веројатно имале увид во податоците, дали се замешани и вработени во оваа институција и за колку е оштетена здравствената каса.

НОВА во неколку наврати се обидува да добие одговор од некои од фирмите, но освен одговорот, „оставете контакт утре ќе ве бараме“, нема ништо друго. Така беше и последниот пат со сопственикот со фирмата„Славеј“, кој откако се согласи на разговор, повеќе не одговараше на телефонските повици и СМС пораките.

Но, пациентите се во паника и хаос. Тие што веќе побарале некое од ортопедските помагала во фирмите каде што досега ги набавувале, биле непријатно изненадени кога им било кажано дека мора си ја платат целата сума, а Фондот за здравство ќе им  рефундира 80 проценти од парите.

„На мојот сопруг му правеа протеза на левата нога и сега не може да си ја земе додека не плати 85 000 денари“, тврди С.Т од Скопје.

Таа објаснува дека ваква протеза набавуваат секои три години и досега плаќале само партиципација. Тоа го правеле во специјализирана фирма која ги произведува протезите, а не во аптека.

Мајка на дете кое има потреба од ортопедски чевли била шокирана кога морала да плати 2000 денари за чевлите иако следуваат на товар на Фондот. Во разговор за НОВА таа вели дека вакви чевли сега треба да се набавуваат во аптеките.

„Кој ќе им зема мерки на децата, дали и како тоа ќе го прават аптекарите не знаеме“, вели оваа мајка која сакаше да остане анонимна.

fzo-520x346_2014113152252

Од ФЗО тврдат дека е склучен договор со 91 правен субјект кои имаат 332 аптеки низ цела држава. Сето тоа било направено за поквалитетно и понавремено издавање на ортопедски помагала за осигурениците преку ширење и подобрување на мрежата на дистрибуција во што повеќе градови.

„Од сите информации со кои располагаме, до сега не се пријавени никакви проблеми во издавањето на ортопедски помагала, вклучително и пелени, па затоа квалификацијата дека има хаос во издавањето на ортопедски помагала го сметаме за субјективно гледиште“, велат од Фондот за здравство.

Од Фондот не објаснуваат во кој аптеки ќе може да се подигнат ортопедските помагала. НОВА неофицијално дознава дека најверојатно, станува збор за аптеките на Еурофарм и Зегин.

Луѓето со инвалидитет се загрижени и вознемирени. Тие прашуваат како аптекарите ќе им земаат мерка за протеза за нога или рака кога не е стручни за тоа, и што е исто така важно, каде и во кои услови ќе го прават тоа. Дали тоа ќе се прави во аптеките каде што има редици пациенти пред шалтер.

9876golema

Родители на деца со посебни потреби пак, се жалат дека е хаос со подигањето на пелени. Во аптеките не се информирани, не знаат како да ги пополнат документите, а во некои градови имало само пелени за возрасни кои се на товар на Фондот.

„Во Куманово нема аптека каде што можеме да подигнеме пелени. Лутаме цел ден низ град и ни кажаа дека нема таква аптека. Не знаеме што да правиме, ова е вистински хаос“, тврди А.Ѓ , мајка на дете со посебни потреби.

Некои родители велат дека со денови не можат да ја подигнат месечната количина на пелени бидејќи не знаат каде да го сторат тоа или пак, аптеките не се информирани.

„Веќе 15 дена немам никакви пелени за ќерка ми, а немам финансиски средства за да ги купам“, вели Анче Николова Туфекџиева, мајка на девојче со Даунов синдром од Струмица.

Револтирани пациенти реагираат и на социјалните мрежи, а преставници на неколку здруженија на лица со посебни потреби веќе побарале прием кај директорот на ФЗО, Сашо Стефановски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

аптеки истрага ортопедски помагала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.