Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФИТР: Основан Стартап совет што ќе креира стратегија за брз развој на стартап екосистемот

0
By Нова ТВ on December 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 17, 2020 11:59

Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), за првпат во земјава, формира Стартап совет чија примарна цел е да ја претставува старт – ап заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење на политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот старт – ап екосистем. Во ова советодавно тело ќе се обединат сите релевантни актери кои имаат удел во старт – ап заедницата во Северна Македонија.

„Целта ни е да креираме краткорочна и долгорочна стратегија на ниво на држава и да ја искористиме експертизата на нашите партнери со цел брз развој на старт – ап екосистемот. Во следните 90 дена овој Стартап совет ќе работи на План за промена на политиките – ќе редефинираме што е старт – ап, ќе ги лоцираме проблемите, ќе работиме на предлог решенија и законски измени, поедноставување на административните процедури, поголема едукација, отворање можности за вмрежување на македонските стартапи и развој на стратегија за социјално претприемништво. Истовремено создаваме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи“, порача директорот на ФИТР, Коста Петров.

Претседател на Стартап советот ќе биде вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Членови на Советот во оваа фаза се Анета Пешева од МАСИТ, Дејан Алексов од Стартап Македонија, Ѓорѓи Рафајловски, Стефан Митевски и Бистра Кумбаровска како претставници на старт – ап заедницата кои ќе работат про боно. Стартап советот останува отворен за сите кои ќе сакаат да се вклучат со свои идеи и да дадат конкретен придонес.

„Нашата заложба во МАСИТ е да ги задржиме младите и образовани кадри од информатичко телекомуникациските науки во државава. Се надевам дека со овој проект најмногу ќе им помогнеме на младите и талентирани ИТ инженери кои ќе најдат причина да не ја напуштат државата“, изјави Анета Пешева, претседател на МАСИТ.

Дејан Алексов, претседател на Стартап Македонија и оперативниот директор на Технолошкиот Парк – SEEUTechPark на Универзитетот на ЈИЕ Ѓорѓи Рафајловски очекуваат квалитетот и искуството на сите членови на Советот да даде силни решенија, особено во делот на “освежување“ на регулативата која ќе биде во чекор со потребите на старт – ап компаниите.

„Во изминативе 10 години активно работам на поддршка и развој на зелени и социјални бизниси и организации во регионот на Западен Балкан и глобално. Оваа иницијатива ја гледам како исклучително битна можност за што поголемо поврзување на македонските стартапи со мрежи, партнери и импакт инвеститори кои активно работат на „Целите за одржлив развој” (SDGs). На тој начин, не само што ќе ја интернационализираме старт – ап заедницата туку ќе позиционираме и една нова приказна за Северна Македонија, која сметам дека веќе се пишува од страна на многу нови бизниси, жени претприемачи или и социјални претприемачи“, порача Бистра Кумбаровска, менаџинг партнер на компанијата Heartbeats Innovation & Communication со седиште во Виена и член на Советот.

„Овој Совет го формираме за да докажеме дека големите промени се можни само ако сите заедно придонесеме да се случат. Затоа преземаме конкретни чекори кои ќе донесат резултат на подолг рок. Со влада која им е вистински партнер на младите луѓе во земјава, уверен сум дека ќе напредуваме и растеме заедно и дека ќе испишеме уште многу успешни старт – ап приказни, не само овде, туку и на глобално ниво“, нагласи Петров.

Главна задача на Советот е лоцирање на проблемите и предлог решенија кои ќе одговорат на реалните потреби на претприемачите, односно стартапите. Советот ќе биде активен учесник во креирање на идните политики кои се однесуваат на овие компании, ќе предлага мерки насочени кон подобрување на организацијата на работењето на јавниот сектор и институциите што ќе резултира во поедноставени процедури и поквалитетни јавните услуги, како и препораки за намалување на товарот и трошокот врз стартапите со интервенции во правната регулатива и законската рамка со цел полесен пристап до капитал и негова мобилизација. Целта на овие активности е раст на бројот на стартапи и позиционирање на земјата како старт – ап и регионален хаб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.