Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФИТР стана стратешки партнер на Amazon Web Services

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија. Преку новата соработка со глобалната водечка клауд (cloud) платформа, корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата, ќе имаат низа придобивки, меѓу кои и кредити за користење на инфраструктурата на клауд платформата.

-Партнерството со Amazon Web Services ќе им овозможи на македонските стартапи навистина полесен пристап до сервисите на платформата и можност да користат кредити во износ до 100.000 американски долари. Во наредниот период, заедно со тимот на AWS ќе организираме серија на инфо сесии преку кои на стартапџиите детално ќе им ги презентираме можностите за нивен развој и пристап до глобалните пазари кои ги нуди новата соработка, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Тој појасни дека кредитите ќе бидат достапни во износ од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари. На стартапите кои ќе изразат интерес за користење на средствата, AWS им става на располагање и техничка поддршка за развој на нивните продукти, како и пристап до бројни онлајн едукативни содржини кои ги обезбедуваат преку нивните партнери.

Милиони клиенти, вклучувајќи ги најбрзо растечките стартапи, најголемите претпријатија и водечките владини агенции, користат AWS со цел да ги намалат трошоците, да станат поагилни и да го забрзаат процесот на иновации. Платформата нуди широк сет на глобални клауд производи, вклучувајќи пресметување, складирање, база на податоци, аналитика, вмрежување, мобилни, алатки за програмери, алатки за управување, IoT, безбедносни и апликации на претпријатијата. Овие услуги им помагаат на организациите да функционираат многу пофлексибилно, да остварат пониски ИТ трошоци и да растат во обем. Netflix, Twitch, LinkedIn, Facebook, Turner Broadcasting и ESPN се само некои од светски познатите компании кои ја користат технологија AWS.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.