Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флекенштајн за НОВА: Унгарија мора да го екстрадира Груевски

0
By Нова ТВ on December 6, 2018 ВЕСТИ
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 6, 2018 17:38

Процесот на уставните измени, помирувањето и имплементација на реформските активности утврдени со Планот 18 беа тема на та средба во Скопје на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи. По овие средби НОВА разговараше со европратеникот Кнут Флекенштајн

НОВА: Дали по посетата на Собранието имате впечаток дека ќе се обезбеди 2/3 мнозинство за финалната фаза за уставните измени?

Флекенштајн: Имам позитивен впечаток. Верувам дека секој ќе гласа според сопствената совест. Мислам дека се свесни за тоа оти само преку имплементацијата на Преспанскиот договор Македонија може да има евро атлантска перспектива. Одговорноста на пратениците за иднината на државата и граѓаните на Македонија е голема и се надевам дека се свесни за тоа.

НОВА: Како го разбирате процесот на помирување инициран во Собранието?

Флекенштајн:  Јас знам дека огромната поларизација на општеството мора да се сопре и дека Собранието преку комисијата за помирување треба да понуди решенија за да се постигне таа цел

НОВА: Дали мислите дека тој процес може да се рефлектира врз владеењето на правото?

Флекенштајн:  Да тоа ќе се рефлектира но на позитивен начин бидејќи ќе биде добра лекција за Собранието во смисла на постигнување на консензус во многу комплицирани и емоционални околности . Сепак криминалот е криминал и треба да го почекаме предлогот на собраниската комисија. Тоа ќе биде значајно за да се обезбеди развој ан македонскто општество.

НОВА: Што мислите за реформскиот процес во Македонија во насока на европските интеграциски процеси?

Флекенштајн:  Реформите мора да се забрзаат паралелно со уставните измени, Преспанскиот договор е само еден но многу важен чекор напред кон интеграцијата . Очекувам кога тој процес ќе заврши дека Македонија ќе може да се посвети на актуелните реформи неопходни за старт на преговори.

НОВА: Дали мислите дека унгарските власти ќе останат на одлуката за Груевски?

Флекенштајн:  Свесни сме за ситуацијата во однос на Груевски осуден за корупција во својата држава. Согласно европската легислатива на земјата членка е да го истражи и да одлучи по барањето за азил. Владеењето на правото е фундаментален принцип на ЕУ. Очекуваме сите засегната страни да постапуваат согласно релевантните  правила без никаква политизација што подразбира дека Унгарија  мора да го екстрадира Груевски . Тој треба да биде одговорен о рамките ма македонскиот правен поредок.

НОВА: Зошто мислите дека Орбан е толку одлучен да го заштити Груевски?

Флекенштајн:  Прво унгарскиот премиер не води многу сметка за владеење на правото а второ..пријателите се држат заедно.

НОВА: Како ја оценувате улогата на главната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ во актуелните процеси?

Флекенштајн:  ВМРО ДПМНЕ минува низ тежок процес. Тие треба да дејствуваат во интересот на земјата и нејзините евро атлантски перспективи но не само вербално. Тоа дејствување треба да биде видливо и при нивното гласање во Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.