Новиот број на неделникот Фокус донесува:
– Скандалозно тврдење на Самоил Малчевски: Ме напишаа донатор во партијата, а не сум дал ниту денар за изборите! Малчески, ги открива незаконитостите на Универзитетот во Охрид, говори за релациите со неговиот пријател, генералот Горан Стојков, но и за состојбите во кои е доведена ВМРО ДПМНЕ.
– Бизнисменот Минчо Јорданов ги мрси конците во трката за претседател. ВМРО ДПМНЕ стравува дека бизнисменот Минчо Јорданов може да одигра со СДСМ, па и со ДУИ за претседателските избори. Дали скриен фаворит на власта е Владо Камбовски
– Фокус истражува кој дава пари и колку пари чини изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“. Само еден господ знае кој и колку пари одвоил за изградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во срцето на главниот град. Тајна е и колку вкупно ќе чини целиот проект.
– Анкета: Со осиромашувањето се смалува и довербата во владата, покажува најновата анкета на ФОКУС, изработена од агенцијата Рејтинг. Впрочем економската состојба и невработеноста за 54,9% од граѓаните е најголемиот проблем на земјата.
Читајте Фокус за нештата да станат појасни!




