Трансакциската сметка на главната уредничка на весникот „Вечер“, Ивона Талевска е блокирана, пишува Фокус, повикувајќи се на адвокат кој се обидел да наплати долг од неа.
Како што пишува „Фокус“, адвокатот требало да наплати околу 1.500 евра за адвокатски трошоци и судски такси, откако Талевска изгубила два судски спора за клевета и навреда, но од извршител бил информиран дека сметката и е блокирана.
Спорот се однесува на новинарски текстови, каде што Талевска ги тужела новинарите Бранко Геровски, Мери Јордановска и Јадранка Костова, но, бидејќи судот не пресудил во нејзина корист, сега треба да ги подмири трошоците.
Ивона Талевска е предмет на истрага на Специјаното јавно обвинителство кое во случајот „Тифани“ ја истражува работата на фирмите „Смарт центар“ и „Смарт груп“ во кои Талевска некогаш била директорка.
Фирмите се сомничат дека затаиле данок во вредност од околу 37.000 евра, додека самата управителка нешто над 16.000 евра.