СКАНДАЛ „ПЕРДЕ“!!!
Десетици пациенти останале со оштетен вид или го загубиле видот по лошо изведени оперативни зафати во Градската болница „8 Септември“ дознава ФОКУС. Пациентите обвинуваат една очна лекарка. Од болницата го потврдуваат случајот, но молчи Министерот Тодоров!
ФУНКЦИОНЕРИ ОД МИЛИОН ЕВРА
Куќи, станови, шуми, штедни влогови се дел од недвижностите со кои функционери од Македонија располагаат во странство. Меѓу луѓето со богато финансиско досие има амбасадори, министри, пратеници…
НИМИЦ АНТЕ ПОРТАС!
Медијаторот подготвува терен. За две-три недели, кај и да е, во Њујорк, големите ќе ги седнат премиерите Груевски и Самарас. Да најдат и да постигнат компромис. Каков-таков, „има да го има“!
КЕЖАРОВСКИ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК!
Премиерот Груевски го изедначи Кежаровски со новинари кои се осудени од Хаг за издавање заштитен сведок. Заборави да спомне дека тие се осудени парично или до три месеци затвор!
ДУШМАНСКА МАКЕДОНИЈА
Во интервју за ФОКУС основачот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ја прогласи антиквизацијата за најдушмански проект во Македонија. Смета дека држењето на земјата надвор од ЕУ е самоубиствена политика!
ЈАНУС ПОЛИТИКА!
Пред 10 години Груевски опозиционерот нѐ убедуваше дека ако медиумите ги забошотуваат грешките на власта, ја умртвуваат демократијата. Денес ваквите ставови ги третира како предавнички!
Колумни
Рамадан РАМАДАНИ
Една од причините зошто владејачките партии не можеа што побргу да прогласат предвремени избори е дека сѐ уште се близу и заедно една со друга. За избори, сепак, им треба да одглумат дистанца!
Стојан АНДОВ
Денес со добро обмислената политичко-дипломатска активност на ДУИ, на Груевски му се извлекува од рацете еден од клучните столбови на власта тврдењето дека Грција сака да ја уништи Македонија.
Синоличка ТРПКОВА
Додека јас се соочувам со нашите заеднички трауми, зборувам и пишувам за нив отворено, луѓето ме прашуваат како не ми е страв зашто тие имаат само една траума од која се парализирани – а тоа е стравот!
Џелал ХОЏИЌ
Во Европа постојат само двајца носители на државни функции кои слават воени злосторници, тоа се Никола Груевски и Милорад Додик. И првиот и вториот дојдоа на власт како антинационалисти.
Влатко РИСТЕСКИ
Ние, граѓаните, сме препуштени сами на себе да се бориме и да се организираме. Немаме чувство дека политичките структури се заинтересирани за нашите интереси и проблеми!




