Фокус во новиот број донесува нови содржини поврзани со актуелни политички случувања, но и репортажи и анализи, истражувачки стории.
Како од Македонија за време на преродбата се испумпале 3 милијарди долари?
Дали претстои разврска за името во која на палома политичарите нема да им помогнат ниту памперс пелени?
Кој е советникот во Центар, кој бил врбуван да го напушти таборот на Жерновски, и колку пари чинат политичките трансфери? Фокус обелоденува вртоглави суми, од 250 илади евра до половина милион евра.
Во ФОКУС читајте и за градоначалникот на Могила, кој соочен со тешки притисоци сепак успeа да ја однесе победата. Што Пивковски, како еден од борците на правата на млекарите мисли за инвестицијата на Субрата Рој во Џумајлија?
ФОКУС донесува интервју со аналитичарот Кире Наумов кој смета дека претстои период во кој ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја продлабочи пизмата, преку создавањето „непријатели“ и „предавници“, како единствен начин за останување на власт.
Тука се и редовните колумнисти, рубриката 100% живот, како и козерискиот дел и стрипот, во кој на неверојатно луциден начин се доловува актуелниот миг во македонската политика.
Читајте ФОКУС, за нештата да станат појасни!




