Неделникот „Фокус“ објавува сторија во којашто обелоденува дека сопствениците на ресторанот „Пивница“ на плоштадот поднеле тужба против претседателот на Основниот суд 1 Владимир Панчевски бидејќи тој, според нив, ја тргнал оградата која самите ја поставиле за да може да влезе во сопствениот стан којшто се наоѓа позади пивницата. Проблемите почнале кога сопствениците на ресторанот почнале да ја меркаат земјата која што претставува единствен пристап до зградата во којашто живее Панчевски за да можат да си ја зголемат терасата. За таа цел, поставиле железна ограда којашто Панчевски ја тргнал, бидејќи, според „Фокус“, земјата била државна и сопствениците на пивницата немале право да поставуваат ограда и да им го блокираат влезот.
„Фокус“ шпекулира дека тужбата претставува своевидна битка за мерење на силите помеѓу Панчевски и претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова. Поднесителите на кривичната пријава против Панчевски ги застапува адвокатот Антонио Апостолски, инаку адвокат на директорот на УБК Сашо Мијалков, но и близок пријател на Неделкова.
Целата сторија на „Фокус“ прочитајте на на овој линк.
Лидија Неделкова беше посочена во еден од телефонските разговори коишто ги објавува опозицијата, а во којшто разговор таа е спомената како судијката на којашто оние кои сакале да напредуваат и давале скапи подароци како накит „Сваровски“, но и како блиска до директорот на УБК Мијалков. Неделкова ги демантираше разговорите велејќи дека таа била љубител на бисери.




