Фокус во новиот број, меѓу другото донесува
„ПУСТЕЦ“ ВО ЗДРАВСТВОТО!?
„Фокус“ истражуваше како е извршено преземањето специјалисти од приватното во јавното здравство. Лекарите прво отвораат свои приватни ординации и по само неколку месеци ги затвораат. И, оп во јавното здравство!
ВМРОВСКИ „БАТКО ЃОРЃИЈА“
ВМРО-ДПМНЕ во Куманово е сместен во објект чиј сопственик е ФК Куманово. Под кои услови најголемата владејачка партија го користи овој простор – дали, кому и како плаќа кирија?!
ПЕНДРЕК СЛОБОДА!!!
„Не сум овде поради мене. Тука сум поради своето дете!“, му рече еден млад човек на полицаецот со штитот в рака. Полицаецот не го симна штитот, но ја наведна главата. Новинарски протести!
КАДЕ ЗАМИНА ДЕМОКРАТИЈАТА?
Кога премиер, министер за внатрешни и шеф на тајна полиција се силат пред суд против лидери на опозициски, а новинари скапуваат во притвор, Бог да ни ја прости демократијата!!
БРИСЕЛСКА „ПЕТАРДА“
Се е исто, ама многу полошо! Добиена е петтата „јубилејна“ препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, но без датум. Од средбите во Брисел и во Њујорк, ќе зависи идниот статус на Македонија.
ПУСТО СУДСКО
Адвокатот Звонко Давидовиќ, во интервју за Фокус говори за апсурдите на македонскиот судски систем, одговорноста на судиите, играњето со човечки судбини. Зошто судиите го изгубија кредибилитетот и храброста?
БАЉШАЈА ЕВРОПА?!
Стравот од галопирачкиот економски развој на Кина и вечниот антагонизам кон САД го тераат Путин да размислува за спас во нова и поголема европска заедница. Каде е Македонија во овие калкулации?
КОЛУМНИ
Стојан АНДОВ
Груевски нека не се лаже себеси, а другите не може да ги излаже дека кај нас постои одвоеност на извршната од судската власт. За тешката состојба во правосудството е одговорен премиерот.
Рамадан РАМАДАНИ
Македонија аздисана, бива сардисана
Погрешната стратегија на владината коалиција произведува резултат сличен на фудбалската репрезентација. Груевски на голот, а Ахмети игра напред! Резултатот се знае, ем не даваш голови, ем ги примаш многу.
Синоличка ТРПКОВА
Секое бескрупулозно владеење на умислени домашни осман-бегови ќе создава уште посилни Цвети, како симбол дека овде секогаш ќе има такви што нема да си ја продадатдушата и верата и по цена на животот!
ПОЛЕМИКА АНДОВ VS ГЕОРГИЕВСКИ
Платформата на Шарло била сталинистичка манипулација!




