Најновиот Фокус ви носи:
Јадранка КОСТОВА:
Груевски најдобро знае: избори се добиваат со пари – Вуду-акција за банкрот на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ се посвети на Заев, Жерновски и на Дамјановски. Целта на оваа мисија е да нема јунак што ќе биде донатор на опозицискиот фронт! Груевски најдобро знае дека победува тој што има повеќе пари. Нешто што тој како опозициски лидер го оствари во 2006-та, благодарение на великодушноста на Бранко и Бучко! А што би рекол Санадер, избори се добиваат, пред сѐ, со пари под маса! Истовремено, според неговото искуство, ваквите дубари судски се процесуираат откако тие стануваат бивши! Ама додека се стигне до тоа, сепак, парите се одлучувачки!
Младен ЧАДИКОВСКИ:
Колективна распаљотка – Сдсмовци се тепаат по интернет, вмровци по кафеани!
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се во интензивна катарзична фаза 24/7 на себепрочистување, во кое непретпазливо се избираат средства и методи, во зависност од моќта и од позиционираноста на партиските војници или генерали. Ликовите кои до вчера пишуваа и отпорашеа заедно, фаци кои до пред една недела ја создаваа сета бизнис-логистика и ја креираа новата олигархија на преродбата!
Ќе отвориш Фејсбук, интернет-војна на комуњарите! Ќе појдеш во кафеана, фрчат шлаканици меѓу вмровците.
Владо Апостолов:
Восокот поважен од жртвите – Милиони евра за антикомунистички восок, ни денар за жртвите од комунизмот
Бившите ју-републики по чнаа да ги обесштетуваат лу ѓе то што на времето лежеле на Голи Оток, а скопјанецот Михајло Кочковски, со потресната приказна за својот татко, си ја бара правдата по правните лавиринти во Македонија. Татко му Крсто Кочковски лежел строг затвор на Голи Оток бидејќи, меѓу другото, ја коментирал најавената посета на Јосип Броз Тито во 1951 година и се сомневал дека Југославија може да издржи напад од таканаречените сателити на Советскиот Сојуз. Спорни биле и неговите сомнежи за економските реформи во некогашната ФНРЈ.
Читајте Фокус, за нештата да станат појасни!




