Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: БиХ треба да биде дел од ЕУ, но тоа не е можно без реформи

0
By Blerina Tahiri on November 1, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Урсула Фон дер Лајен
Урсула Фон дер Лајен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По посетата на Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Сараево на крајот од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа се сретна со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Фон дер Лајен, на крајот од својата турнеја низ земјите од Западен Балкан, престојуваше во Босна и Херцеговина, каде одвоено се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ, а потоа и со претседавачот на Советот на министри на таа земја, Борјана Кришто.

– Иднината на БиХ е во ЕУ, изјави Фон дер Лајен за новинарите по тие разговори, тврдејќи дека Унијата силно го поддржува европскиот пат на земјата.

На крајот на 2022 година, по шест години чекање, БиХ доби статус на земја кандидат за членство во Унијата, а во таа земја се надеваат дека би можеле да добијат одобрение за почеток на пристапните преговори до крајот на оваа година и покрај постојаните внатрешни спорови и блокади кои го забавуваат спроведувањето на реформите.

Во пресрет на пристигнувањето на Фон дер Лајен, Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ донесе резолуција со која ги повикува властите на ЕУ да започнат преговори за членство.

Фон дер Лајен рече дека Брисел сега очекува „силен напредок“ од Босна и Херцеговина во спроведувањето на 14 реформи и дека земјата не смее да си дозволи никакво назадување, особено во однос на владеењето на правото и основните слободи.

Таа посочи и дека новиот план за раст на Западен Балкан, вреден шест милијарди долари, е најдобар доказ за јасната поддршка на ЕУ за целиот регион, но распределбата на овие пари зависи и од спроведувањето на реформите, исто како што зависи и од тоа колку долго ќе продолжи да работи Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) со извршни овластувања во БиХ.

– Ова е уште еден поттик за сите да ја искористат оваа можност, рече таа и додаде дека шест милијарди евра поддршка, од кои две милијарди се грантови, не биле однапред распределени по земја, туку ќе бидат распределени „според заслугите“.

Планот за раст на Европската комисија за регионот значи отворање поголеми можности за поврзување на економиите и воспоставување отворен регионален пазар, кој веднаш може да го зголеми БДП во регионот за 10 проценти. Со поврзувањето на единствените пазари на регионот и ЕУ, оценува Брисел, економскиот раст на балканските држави би се удвоил во период од десет години.

-Мојата прва порака е повторно да нагласам дека иднината на Босна и Херцеговина е во Европската Унија и дека ве сакаме во нашето општество како полноправна членка. Ви даваме силна поддршка на вашиот пат кон таа цел. Она што не можеме да го прифатиме е назадување поврзано со нашите заеднички вредности, како и со поделбите во кој било дел од вашата земја, рече Фон дер Лајен. 

БиХ ЕУ реформи Фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.