Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија ја загрозува поддршката на ЕУ во регионот

0
By НОВА ТВ on October 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашите партнери од Западен Балкан преземаат важни реформи и видлив е нивниот напредок, но сега Европската Унија е на ред да испорача. Неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува нашиот кредибилитет и поддршка во регионот, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел и премиерот на Словенија Јанез Јанша, по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

– Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија, тоа се „пет плус едно“ прашање, за да се состави патоказот, како практичен чекор кон решавање на овој проблем, вели Фон дер Лајен.

Како што јави известувачот на МИА од Брдо кај Крањ, таа во овој контекст додаде дека дијалогот, волјата за решавање проблеми, и капацитетот да се решаваат тешки и сложени прашања, се во срцето на она што е и самата Европска Унија и изрази уверување дека овие прашања можат да се решат.

– Свесна сум за фактот дека прво треба да ги решиме прашањата, тука е билатералното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, и убедена сум дека ќе најдеме решение и важна беше и силната поддршка за ова прашање изразена на Самитот, рече таа.

Фон дер Лајен ги поздрави реформите во клучните области во земјите од регионот – владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на медиуми и економските реформи, додавајќи оти е важно да се одржи нивниот курс.

– Пораката на Европската комисија е многу јасна – Западен Балкан е дел од истата Европа како и ЕУ. Ние делиме иста историја, исто интереси, вредности и убедена сум оти делиме и иста судбина. ЕУ не е комплетна без Западен Балкан. Европската комисија ќе прави се за да го забрза процесот на проширување и европската интеграција на регионот. Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија и нема сомневања дека нашата цел е проширувањето, подвлече Фон дер Лајен.

Нејзина втора порака, како што рече, денеска е дека Економскиот и инвестициски план e јадрото на ангажманот на ЕУ во регионот, што е важно и за заедничкиот регионален пазар. Самиот факт, додаде таа, што вложуваме 30 милијади евра во регионот е доказ дека сме најсигурен партнер на Западен Балкан и ќе останеме најблизок партнер во годините и децениите што доаѓаат.

– Минатата недела ги посетив шесте земји од Западен Балкан и исто така го почувствував нетрпението на населението таму, како и нивната фрустрација од одолговлекувањето на процесот да се приклучат кон ЕУ. И јас го разбирам тоа. Мнозинството лидери ја искажаа поддршката за проширувањето, особено да се направи чекор напред со Албанија и со Северна Македонија, дури ова беше изразено и од најскептичните лидери. И ова е многу јасен знак за прашењето за прширувањето, децидна е претседателката на ЕК.

Албанија ЕУ Севетна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.