Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата„Трајче Мукаетов“додели 42 стипендии на студенти по медицина и фармација

0
By Нова ТВ on October 31, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2019 14:53

Фондацијата „Трајче Мукаетов“, доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ во висина од 1.200 евра во денарска противвредност

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ дванаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Годинава, доделени се 42 нови стипендии на 22 студенти на Фармацевтскиот и 20 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2019/2020 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии. Во составот на комисиите членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

„ Особено задоволство ми е што годинава се пријавија исклучително талентирани студенти, па одлучивме наместо 40, стипендирани да бидат 42 студенти на медицинскиот и фармацевтскиот факулетет при УКИМ, со што исполнивме квота од 500 стипендирани студенти за 12 години. Навистина ми е драго што фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и компанијата ‘Алкалоид’ биле дел од успешната приказна на 374 дипломирани стипендисти по медицина и фармација до сега.

Искрено ме радува и прикажаниот просек на првенците годинава. За прв пат годинава Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ има 5 првенци на генерацијата, сите со просек 10,00. Еден од првенците, веќе од наредниот месец ќе ја започне својата кариера во ‘Алкалоид’ а до крајот на годинава, вкупно 81 стипендирани студенти ќе бидат дел од компаниските процеси. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“ – изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, во висина од 1.200 евра во денарска противвредност.

Годинава, еднократна парична награда добиваат: Марио Игњатовиќ од Фармацевтскиот факултет, Елиф Врајнко од Медицинскиот Факултет, Стефан Пандилов од Медицинскиот Факултет, Влатко Каранфиловски од Медицинскиот Факултет – сите стипендисти на Фондацијата Трајче Мукаетов, како и Никола Манев од Медицинскиот Факултет. Сите наградени првенци годинава прикажале просек 10,00.

Ректорот на УКИМ, проф.др.Никола Јанкуловски рече дека поддршата што ја дава компанијата Алкалоид АД е од големо значење во подобрување на квалитетот на здравствениот систем.

„Од формирањето на Фондација„Трајче Мукаетов“ во 2007 година соработката со УКИМ доби една нова димензија и се надевам дека и понатаму ќе се зацврси уште повеќе и ќе добие нови модалитети. Стипендирањето на младите талентирани студенти преставува еден многу значаен момент и стимулирање на нивните работни задачи,“, рече ректорот Јанкуловски.

Деканот на Фармацевтскиот факултет, професор д-р Светлана Кулеванова, нагласи дека стипендијата е од големо значење за студентите од овој факултет и значи дополнителен поттик за нив по крајот на студиите да го најдат професионалниот ангажман во оваа компанија.

„Веќе 12 години имаме прилика да понудиме студенти кои можат да ја примат оваа стипендија. Освен тоа практиканството на кое работиме заедно веќе две години е неверојатно добра можност за нашите студенти. Месец до месец и половина под менторство во компанијата е неверојатно голема заслуга на генералниот директор на компанијата и е многу важно за нашите студенти“, рече Кулеванова.

Деканот на Медицинскиот факултет, професор д-р Соња Топузовска потенцира дека стипендиите ќе бидат мотивација за студентите да продолжат со својот успех.

„Драго ми е што водечката фармацевтска компанија во државата се обидува да ги задржи талентираните кадри своите кариери да ги реализираат во државата, особено затоа што изминативе десет години имаме голем одлив на кадри од државата“ рече Топузовска.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендираше вкупно 500 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 42 во учебната 2019/2020. Од нив, 197 студенти по фармација и 177 по медицина се веке дипломирани. Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им  продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година.

Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 79 од стипендираните студенти на Фондацијата и тоа 74 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет. Во текот на месец ноември 2019 година, професионално ангажирани ќе бидат уште двајца стипендисти.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени  во печатените медиуми, а Извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпишување договори за стипендирање.

Под закрила на фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ во септември годинава се спроведе деветтиот по ред хуманитарен хепенинг организиран за вработените на компанијата. Собраниот износ од 1,255,844.00 денари се донирани на здружението на граѓани „О2 Иницијатива“ за поддршка на нивните заложби за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна околина.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.