Денес Шарената револуција повторно ја фарбаше зградата на владата со импровизиран катапулт.
Потоа учесниците тргнаа кон Собранието предводени од две возила кои стасаа откако во понеделникот полицијата го одзеде пикапот на протестите. Помеѓу новите возила има стара Застава 101.
Шарената револуција стаса на плоштадот каде што водата во фонтаната доби црвена боја.
Од плоштадот демонстрантите се упатија кон Собранието минувајќи низ Порта Македонија.