Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Форд: САД сè уште не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на електрични возила

0
By Соња Крамарска on June 19, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД се уште не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на електрични возила, предупреди извршниот претседател на компанијата „Форд“, Бил Форд, нагласувајќи дека мора да бидат подготвени и за битката за домашниот пазар.

„Многу брзо и во големи размери развија електрични автомобили. А, сега ги извезуваат. Во САД ги нема, но, според нас, ќе дојдат во одреден момент. Мораме да бидеме подготвени и се подготвуваме“, изјави шефот на американскиот автомобилски гигант.

Во февруари, Форд објави дека ќе инвестира 3,5 милијарди долари за изградба на фабрика за батерии за електрични возила во Мичиген, како дел од договорот кој вклучува употреба на технологија од кинеската компанија за батерии CATL.

Бил Форд, правнук на основачот на компанијата Хенри Форд, претходно рече дека фабриката за батерии во Мичиген ќе обезбеди можност за инженерите на Форд да научат за технологијата и потоа самите да ја користат.

„Тој објект е во целосна сопственост на Форд. Тие ќе бидат наши вработени, а ние ќе имаме само лиценца за технологијата, тоа е се“, рече тој.

Во мај, извршниот директор на Форд, Џим Фарли, рече дека кинеските производители на електрични возила се нивни главни конкуренти, додавајќи дека на Форд му треба препознатливо брендирање или помали трошоци за да ја победи кинеската конкуренција.

„Мислам дека нашите главни конкуренти се Кинезите, а не Џенерал Моторс или Тојота. Кинезите ќе бидат сила“, рече Фарли.

извор: МИА

електрични возила Кина САД Форд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.