Со 81 гласа „за“, два „против“ и еден воздржан, Собранието го изгласа составот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Според Договорот од Пржино, комисијата е составена од 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.
Претседател на анкетната комисија е Петре Шилегов, а заменик-претседател Горан Мисовски.
Членови на комисијата се: Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.

