Иницијативен одбор најави формирање на организација „Стоп Операција Сорос“, која ќе укажува и предупредува на активностите на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос во Македонија, јавува  Вест .

Граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ најпрво ќе започне со работа преку отворање на прашања и давање на одговори за начинот на кој што делува Сорос во Македонија, а сите граѓани кои што сакаат да се приклучат ќе ја имаат таа можност преку активностите кои што ќе се случуваат во иднина. Меѓу другите членови е и Цветин Чилиманов, историчарот Никола Србов и др.

Според историчарот Никола Србов, како што јавува Вест,  еден од членовите на иницијативниот одбор, цел на организацијата Стоп Операција Сорос ќе биде граѓанскиот сектор да се ослободи од неговото монополизирање од страна на Фондацијата Отворено општество во изминатите години.